1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Името нема да е приоритет на новата грчка влада!

Новата ситуација во Грција на Македонија нема да и‘ донесе старт на пристапните преговори, зашто еврото и ЕУ, а не надворешната политика, ќе бидат приоритет на Атина, оценува Јирген Климке, пратеник во Бундестагот.

default

Јирген Климке

„Новата влада ќе биде преодна, ќе треба да ги подготви парламентарните избори кои ќе се одржат за три месеци. Затоа, според мое видување, не треба ниту да се очекуваат длабоки потези во однос на надворешно-политичките позиции на Грција. Темите штедење, иднината на еврото и ЕУ ќе надвладеат се’ останато “, ги оценува за Дојче веле најновите случувања во Грција и рефлексиите врз Македонија, парламентарецот Јирген Климке. Пратеникот на владејачката Христијанско-демократска унија не очекува дека во наредните три месеци може да дојде и до голем напредок во македонските интеграции.

Обединување на интересите

„Почетокот на пристапните преговори на ЕУ со Македонија во поширок контекст е поврзан со соодветната обемна регулатива. Само доколку Грција од некакви причини се определи против Европската Унија, тоа би можело да има влијание врз стартот на пристапните преговори, на пример во однос на отпорот околу спорот со името. Но, јас не верувам дека до такво нешто ќе дојде и едноставно, тоа не се посакува“, смета Климке, според кого сега Македонија и Грција заеднички во рамките на ЕУ треба да ги обединат интересите и да работат на добрососедството.

„Целта не треба да биде да се искористат слабостите на Грција, туку обединување и соработка. Политиката во која Македонија за сопствените амбиции би ги искористила слабостите на Грција, долгорочно би била само контрапродуктивна и не би ја советувал“, коментира Јирген Климке, според кого Македонија треба да остане конструктивна, да соработува и евентуално дури и симболично да ја поддржи Грција, зашто според него, „долгорочно тоа ќе се исплати“.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина