1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Името и реформи, порачува Брисел

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Брисел(10.09.2010) имаше средба со претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој. На сите средби вчера и денеска му беше порачано - името и реформите се клуч за влез во ЕУ.

default

Повторени условите за преговори

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја заврши посетата на Брисел. На средбата со претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпој, исто како и на останатите средби, главна тема беше спорот со името и неопходноста тој да се реши што побрзо.

„ЕУ прави големи напори за да се дојде до решение за спорот со името. Но, сега е вистинскиот момент кога двете земји треба да разговараат и да најдат решение кое е прифатливо за двете страни“, изјави претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпој по средбата.

Тој рече дека влезот на Македонија во ЕУ е многу важен

EU Herman Van Rompuy Brüssel Griechenland Finanzkrise

Херман ван Ромпој, претседател на Советот на ЕУ

чекор за земјата. Вложувањето на големи напори за имплементација на сите реформи за влез во ЕУ, како што рече Ван Ромпој, ќе значи добивање позитивен извештај за Македонија од страна на Европската комисија во ноември.

Тој потсети дека оствари средби со сите лидери од регионот и изрази верување дека проширувањето на ЕУ ќе почне токму од регионот.

Иванов во Брисел рече дека од голема важност, не само за македонските граѓани, туку и за целиот регион, е доколку Европскиот совет донесе одлука за добивање датум за преговори, токму за време на белгиското претседателство.

„Претседателот Ромпој го информирав за сите акции кои Македонија ги презема за да ја надмине пречката со Грција и се надевам дека наскоро таа ќе биде зад нас“, рече Иванов.

Утрото, македонскиот претседател се сретна со спикерот на белгискиот претставнички дом, Андре Флао од кого слушна исто така дека проблемот со Грција треба да се реши за да можат да почнат преговорите за членство со Унијата.

„Белгија ги поддржува сите иницијативи на ОН за изнаоѓање на решение за сите проблеми на мирен начин и што поскоро. Белгија секогаш поддржува мирни решенија секаде во светот и во Европа.“

На наредната страница: Без нови пораки

DW.COM