1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Има услови, но треба и волја за демократски избори

Предизборната мисија на Парламентарното Собрание на СЕ, по посетата на Македонија оцени дека изменетиот Изборен законик, ако биде коректно спроведен, ќе гарантира солидни правни основи за демократски избори.

default

Советот на Европа во Стразбур

Делегацијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа смета дека не е доволно само да се променат законите, туку е потребно тие да бидат поддржани и со одлучна определба на политичките актери, кои треба да докажат дека конкретните акции имаат за цел да создадат клима на доверба.

Во тој поглед, предизборната делегација на ПС на СЕ изразува жалење што измените на Изборниот законик беа усвоени во Парламентот со мало мнозинство и само два месеци пред изборите и поради тоа што партиите од опозицијата го бојкотираа гласањето.

Делегацијата го поздравува фактот дека ДИК и покрај неодамнешната оставка на нејзиниот претседател и назначувањето на нов, функционираше без прекин. Од Стразбур се предупредува на опасноста од политизирање на работата на ДИК и се подвлекува на потребата од непарцијалност и непристрасност во нејзината работа.

Flaggen der EU und Mazedonien in Skopje

Без влијание врз новинарите

Делегацијата на ПС на СЕ е загрижена поради неточноста на гласачките списоци, проблем кој постои од 1994. Понатму таа смета дека граѓаните треба да бидат известувани на чесен и објективен начин за идеите и програмите на политичките партии пред да им го доделат манадатот. Во тој поглед, кога станува збор за улогата на медиумите во изборниот процес, предизборната делегација на ПС на СЕ смета дека новинарската средина треба да биде посмирена, потолерантна и неутрална и дека медиумите треба да избегнат да бидат средство на пропаганда во служба на интересите на деловните кругови, политичките партиии и владите.

Ветувања дека нема да има застрашувања

Делегацијата се запознала и со евенетуалната загриженост за застрашувања и насилство, посебно во јавната администррација, на што добила уверување од македонските власти дека ќе биде направено се‘ за да се избегнат нерегуларностите поврзани со изборите.

Делегацијата на крајот подвлекува дека меѓуетничките тензии се зголемуваат за време на предизборната кампања и смета дека сите политички актери во Македонија сносат голема одговорност кога се одржуваат избори во едно мултиетничко општетство.

ПС на СЕ на денот на изборите ќе испрати своја делегација од дваесет членови, кои на јунската сесија ќе поднесат извештај за начинот на кои тие се спроведоа.

Автор: Тони Глaмчевски

Редактор: Жана Ацеска