1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Има само еден пат за прием во НАТО

За членство во Алијансата потребна е согласност на сите нејзини членки, порача во Охрид државниот секретар за одбрана на САД, Роберт Гејтс. Тој ги повика Скопје и Атина итно да најдат решение за спорот за името.

default

Роберт Гејтс и Зоран Коњановски

Американскиот државен секретар Роберт Гејтс денеска во Охрид го увери македонскиот државен врв но и граѓаните на Македонија дека САД силно ја поддржуваат Македонија на патот кон НАТО. Тој меѓутоа истакна дека има само еден пат до членство во НАТО, а тоа е со едногласна согласност на сите членки на Алијансата.

Итно да се најде решение за името

„Ситуацијата е компликувана и затоа треба да работиме во тој правец, а тоа не важи само за Македонија, туку и за другите држави”, изјави секретарот Гејтс на заедничката прес-конференција со македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски.

Гејтс претходно покрај со Коњановски се сретна и со македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски.

Средбата со новинарите, Гејтс ја искористи да ја пренесе и пораката:„Како и многумина од вас и ние бевме разочарани кога Македонија во Букурешт не ја доби поканата за членство во Алијансата. Ги охрабрувам Македонија и Грција итно да најдат решение за прашањето за името, што е во најдобар интерес за двете страни”, додаде Гејтс, кој во Охрид учествуваше на конференцијата на министрите за одбрана на земјите од процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Министерот за одбрана на САД и се заблагодари на Македонија но и на останатите земји од Југоисточна Европа за нивната партиципација во мировните мисии ширум светот. Притоа истакна дека состојбата во Ирак се подобрува и ги повика земјите да размислат за испраќање воена мисија во Авганистан, каде тамошната армија има потреба од обучувачи.

Македонија има врвен приоритет: Целосна интеграција во НАТО и ЕУ

Македонскиот министер Коњаноски заблагодарувајќи се за силната поддршка што САД ја даваат на Македонија, истакна дека земјата и натаму посветено ќе продолжи да оди на патот кон целосно интегрирање во ЕУ и НАТО: „Ние имаме јасно трасиран пат, имаме врвен приоритет како влада и како државен врв за потполна интеграција во НАТО и ЕУ“-истакна Коњановски.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како Македонија ќе постапува Македонија околу прашањето за признавање на независноста на Косово, Коњаноски истакна државниот врв ќе се води од националните интереси, но притоа и одговорно ќе се однесува кон прашањата кои влијаат на подобрување на општата безбедност во регионот.

DW.COM