1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Има решенија за скопскиот сообраќаен метеж

Експертите велат дека Скопје моментално не располага со официјален и соодветен транспортен модел, но дека постојат решенија кои можат да ја подобрат, на периоди, хаотичната сообраќајна слика

Најзначајните проблеми во урбаните средини најчесто се случуваат кога транспортните системи од различни причини не можат да ги задоволат барањата на урбаната мобилност. Во таква ситуација неизбежни се проблемите со сообраќајниот метеж, паркинг просторот, долгите патувања, (не)соодветен јавен превоз, проблеми за немоторизираниот транспорт, губење на јавниот простор, влијанијата врз животната средина и потрошувачката на енергија. Ова се дел од заклучоците на универзитетските професори од Канада кои работат на проектот наречен Географијата на транспортните системи.

Скопје е град со можностои за транспорт на кои треба да се работи

Скопје е динамичен град со повеќе од половина милион жители чии број постепено се зголемува. Експертите од оваа област велат дека транспортниот систем и инфраструктурата на градот нудат можности на кои теба сеуште да се работи за да се добие подобар квалитет.

Цнтралниот дел на Скопје е најмногу погоден од преоптовареност на сообраќајната инфраструктура и за тоа влијаат повеќе фактори. Постојат проблеми со паркингот, а моторните возила окупираат голем дел од јавниот простор, кој би тебало рамномерно да биде достапен за сите учесници во сообраќајот. Влијание врз мобилноста имаат и навиките и нивното однесување на патиштата. Еве што во моментов превземаат надлежните за решавањето на ваквите проблеми:

„Град Скопје во последниве години разработува нов пристап за развој на сообраќајните концепти со цел да се унапреди ефикасноста, безбедноста и мобилноста на сите учесници во сообраќајот. Покрај тоа, со документите кои се изработени, како Сообраќајна студија и Генералниот урбанистички план, се влијае на заштитата на здраавјето на граѓаните и на животната средина, како и во насока на економскиот и урбаниот развој на македонската престолнина“, изјавија од секторот за односи со јавност.

Недостаток од информации и институционална координација

Шпанската компанија „Идом инженериа и консалториа С.А.“, беше избрана да ја изработи Студијата за развој на сообраќајниот систем на Град Скопје, која треба да биде системски водич и долгорочна стратегија за развој на транспортниот систем до 2030 година.

Студијата ја изработи тим од градежни и сообраќајни инженери, економисти и

Panoramabild von Skopje Bild: Petr Stojanovski

експерти од областа на животна средина. Документот е основа за два клучни проекти: трамвајот и двата нови коридори: булеварот Свети Климент Охридски и подземната траса од Соборен Храм до Комплекс Банки.

Во документот е наведено дека моментално градот не располага со официјален соодветен транспортен модел, кој би помогнал да се дефинираат новите инфраструктури и дека постои недостаток од информации и институционална координација. Истакнат е примерот дека проблемите со паркингот се третираат одделно од раководството на јавниот превоз, иако прашањата се тесно поврзани.

Свеста на граѓаните и економскиот аспект на патувањето

Важна улога врз состојбите во сообраќајот имаат и граѓаните. Сите соговорници со кои разговаравме го истакнаа однесувањето граѓаните, кое како што велат е карактеристика за нашата средина. Проблем на скопските улици е тоа што сите учесници во сообраќајот се однесуваат како да имаат исклучителни права.

Граѓаните не го земаат сериозно во предвид ниту економскиот аспект на планирање на секојдневните патувања, велат експертите. Малкумина размислуваат, на пример, во одредени денови наместо со автомобил да појдат на работа со друго превозно средство и на тој начин да заштедат. Малку се размислува на алтернативите за превоз, а најмногу на потребата брзо да стигне од едно место до друго.

Никола Нешкоски е инженер за животна средина од невладината „Еко лоџик“ и човек кој секојдневно патува со велосипед. Од дома до работа или на кафе со пријателите, тој вели дека времето кое му е потребно да стигне од едно место до друго со велосипед е скоро исто како со автомобил:

„ Патувањето со велосипед ми е станато рутина. Автоматски ги избегнувам секојдневните пречки од типот на несовесни и крајно некултурни шофери, како и пречки на просторите кои не се за автомобили. Но, со еден збор, авантура, која секојдневно ја повторувам.“

Тој вели дека Скопје има одлични предуслови за велосипедизам, но дека надлежните не превземаат никакви чекори за подобрување и промовирање на одржливиот транспорт:

„Во Скопје псотојат ленти, кои по ниедна карактеризација не се велосипедски. Она што во Скопје се подразбира како велосипедска патека всушност е тротоар наменет за пешаци. Од лично искуство, а и од разговори со други велосипедисти можам да кажам дека црвените линии ширум Скопје се нешто кое нималку го подобрува движењето со велосипед. Едноставно ситуацијата е иста, ние велосипедистите сме пак на улиците.

За подобрување на условите за велосипедистите и пешаците, некои од предлозите во Студијата се да бидат изградени подземни и надземни премини

Öffentlicher Verkehr in Skopje

на патиштата, како и мирен центар, затворенње на сообраќајот на ул. Д. Чуповски и во зоната на турската чаршија.

Скопјани најмногу патуваат пеш и со автомобил

Ниски 1,4% од патувања на дневно ниво се направени со велосипед. Податоците од Студијата покажуваат дека од вкупно еден милион и сто илјади патувања дневно, 34% се направени со приватен превоз, односно автомобил, 30% со јавен превоз и најмногу се пеш или скоро 35%.

Главната оска на движење е исток – запад, помеѓу Карпош, Центар, Аеродром и дестинациите Бит Пазар, Стара Чаршија, Мавровка и Факултетите. Шпицот почнува наутро, а попладне има уште два периоди на најголем метеж. Најмногу се патува за да се стугне до работното место и до образовните институции.

Бројот на регистрирани автомобили во главниот град се зголемува постепено. Скопјани моментално поседуваат вкупно 126.043 автомобили. бројка која се претпоставува дека ќе порасне за 10% во наредната деценија. Една половина од сите домакинства имаат само едно возило, а околу една третина немаат ниту едно. 12,5% од граѓаните имаат два или повеќе автомобили.

Во работните денови околу 94.000 луѓе патуваат од периферијата до Град Скопје. Во истражувањето е забележано дека употребата на новата заобиколница прилично ниска и има скромен ефект за транзитните патувања, бидејќи ја користат само една третина од сите возила.

Дали ќе се реализира проектот трамвај за подобар јавен превоз?

Железничкиот транспорт во главниот град не игра скоро никаква улога, за разлика од користењето на автобусите. Во скопскиот регион дневно циркулираат околу 300 автобуси. Во градското подрачје во просек се патува 42 минути, а просечната должина што ја минува еден патник е 5 километри. Еве какви оценки даваат граѓаните со кои разговаравме за квалитетот на јавниот превз:

„Јавниот превоз го користам секојдневно и не сум задоволна од она што го нуди Скопје. Дефинитивно фали трамвај како втора опција од автобусите, за одредено растеретување на хаосот во сообраќајот. Особено во вторник и петок

кога се случува бесплатното возење на пензионерите, возењето во автобусите на ЈСП е неподносливо, нехумано и нецивилизирано од гужвата која се прави во текот на целиот ден.“, вели жителка на Скопје.

Жител од селото Сопиште, пак, е незадоволен од малиот број на ноќни линии на градските автобуси: „Јавниот превоз го користам преку ден, бидејќи последната ноќна линија до местото каде живеам е во 22:30 часот. Затоа навечер морам да возам автомобил.“

Од Град Скопје велат дека активно се работи на проектот градски трамвај како алтернативно средство. „Во рамките на расположивите средства и можности Градот прави напор во постојните услови да организира ефикасен, безбеден и евтин јавен превоз.“

Заклучоци за подобра мобилност – еколошките модели приоритетни

Дел од препораките кои стојат во Генералниот урбанистички план, се во периодот до 2020 година централното градско подрачје да биде затворено за автомобилски сообраќај, но под услов да се стекнат одредени услови на терен.

Некои од заклучоците во Студијата за подобрување на јавната транспортна мрежа се дека до 2030 година трамвајот ќе биде приоритетен начин на масовен транспорт во Скопје заради еколошките карактеристики, но и од аспект на брзината.

Анализирајќи ги ДУП – овите, ГУП – от и останатите мастер планови, експертскиот тим заклучува дека за пооджлива мобилноист во Скопје потребна е политика на сообраќај која треба да го одразува карактерот на Скопје како компактна, густа структура, со кратки патувања главно направени од други режими, а не со автомобил, се вели во документот.

На прашања повразани со трнспортот и инфраструктурата одговори побаравме и од Министеррството за транспорт и врски од каде не добивме одговори.

Поврзана содржина