1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Има повеќе од една вистина за климата

На новиот извештај за климата работеа 800 автори, речиси сите најважни научници за животна средина. Прогнозите се различни. Земјата се затоплува, но во последно време со забавено темпо, се покачува и нивото на морето.

Петтиот извештај на Меѓудржавниот одбор за климатски промени (IPCC) денеска е презентиран во Стокхолм. На 30 страници се сублимирани најважните пораки за политичарите и за јавноста. Повеќе од 800 автори работеа на извештајот на 1.000 страници и обработија 55.000 критични забелешки од колегите. Резултатот: Во извештајот не се изнесува мислењето на помал или поголем дел од научниците. Извештајот е слика на актуелната состојба на климатските истражувања.

Податоците меѓутоа не се секогаш еднозначни. Имено за да ги изработат прогнозите научниците работат со модели и тоа значи: Има повеќе од една вистина.

Факт е дека земјата се затоплува. Во последните 15 години меѓутоа значително забавено отколку на крајот на 20. век. 0,05 степени по декада наместо 0,2 претходно. Причините не се јасни. Улогата на сонцето, на најситните партикули во воздухот, аеросоли, но и на струењата на Пацификот - сите овие фактор би можеле да влијаат. Ќе се покачува и нивото на морето, се вели во извештајот и тоа до 2010 година за најмалку 29 сантиметри до околу еден метар.

Климатските промени се случуваат во вода

Ова би можело да биде и привремено забавување на затаплувањето на планетата, но и проблем на предвидувањата. Преовладува мислењето дека во последните години многу топлина е складирана во океаните. Климатските промени во моментов се случуваат во вода. Дали и кога повторно ќе бидат погодени температурите на воздухот не е сосема јасно. Имено и покрај ниското моментално затоплување, три од четири прогнози предвидуваат дека просечните температури во ова столетие ќе се покачат за повеќе од 2 степени, максимално, во зависност од сцeнариото, дури до 4,8 степени целзиусови. Четвртата прогноза е изработена со податоци, според кои во целиот свет владее радикална заштита на клима и со тоа претставува нереално политичко сценарио.

Меѓудржавниот одбор за климатски промени стана повнимателен

Меѓудржавниот одбор за климатски промени стана повнимателен и изнесува повеќе конзервативни гледишта. Имено Светскиот климатски совет сѐ уште не го има надминато т.н. „Клајматгејт“. Една обична печатна грешка, имено дека глечерите на Хималаите ќе се стопат до 2035 година (се мислеше впрочем на 2350 година) помина низ сите научни проверки сѐ до крајната верзија на четвртиот климатски извештај. Во дискусијата потоа успешните климатски научници ги навредуваа нивните критичари по мејл. Овие приватни мејлови меѓутоа беа хакирани и објавени. Оваа дебата потоа го чинеше Светскиот климатски совет губење на угледот.

Претседателот на Меѓудржавниот одбор за климатски промени, Индиецот Рашендра Пашаури тогаш не сакаше да поднесе оставка. Сакаше да остане до крајот на неговиот мандат во 2015 година и потоа да не се кандидира повеќе, и така и постапува.

Овој економист на чело на Меѓудржавниот одбор за климатски промени го донесоа САД во 2002 година. Тогашната влада на Буш стравуваше од неговиот претходник, британско-американскиот научник за атмосферата Роберт Ватсон.

Меѓудржавниот одбор за климатски промени е формиран во 1988 година од Програмата за заштита на животната средина на ОН и од светската организација за метеорологија. Основна задача на овој одбор е да ги истражи научните основи на тема климатски промени, да предложи опции за делување и да ги презицира влијанијата. На тој начин политичарите ќе можат да ги проценат ризиците.

Критичарите, како германскиот научник за климата проф. Ханс фон Шторх сметаат дека научните прашања и сомнежи би морела да се дискутираат многу пооспежно. Меѓутоа и тој како и мнозинството климатски научници доаѓа до истиот практичен заклучок: „Информацијата која навистина ѝ е потребна на политиката е: видете како можете да ги намалите емисиите. Тоа секако веќе е познато. За ова не ми е потребно повеќе знаење“.