1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Има ли Холбрук волшебно стапче за Авганистан?

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Обама за Авганистан, Ричард Холбрук, синоќа допатува во Кабул. Многумина од него очекуваат волшебна формула за решавање на Гордиевиот јазол во оваа земја.

default

Новата надеж на Вашингтон: Ричард Холбрук треба да најде решение за „живиот песок“ во Авганистан

Главната тема на разговорите што искусниот американски дипломат Ричард Холбрук ќе ги води со авганистанското раководство е како да се одговори на се’ посилниот и подобро организиран отпор на талибанските востаници. Тие манифестираат растечка самодоверба и со серијата атентати во средата покажаа нова димензија на борбата против Американците и нивните сојузници во Авганистан. Добро вооружени герилци, имено, истовремено извршија напад врз три владини зданија во добро чуваниот центар на Кабул. Дури петмина, вооружени со калашникови и рачни гранати се пробија во зданието на Министерството за правда и таму неколку часа ги држеа во шах авганистанските безбедносни сили. Останатите атентатори ги нападнаа зданијата на Министерството за образование и централната управа за затвори во Кабул.

Afghanistan die afghanische nationale Armee in Kabul Kampfeinsatz

Кога ќе ја преземат одговорноста за безбедноста на земјата: авганистански војници на аеродромот во Кабул

Бомбај во Кабул

Во повеќечасовните борби, што многу потсетуваа на атентатите од индиската метропола Бомбај, покрај осумтемина атентатори животот го загубија вкупно 26 лица, а преку 50 беа повредени. „Овој пат покрај атентаторите самоубијци учествуваа и обучени борци. Целта им беше да ги заземат владините зданија и потоа да ја манифестираат слабоста на власта со денови, слично како во Бомбај“ - оценува поранешниот авганистански генерал, Хатикулах Барјалаи.

Шефот на авганистанските тајни служби, Амерулах Салех, пак, оцени дека Талибанците се немоќно за борба со војската и затоа напаѓаат цивилни цели: „Нашата анализа покажува дека непријателот нема да се обиде фронтално да не’ нападне. На линијата на фронтот не можат ништо да сторат, затоа одбираат т.н. меки цели.“

Порака до Вашингтон

Нападот во секој случај беше смислен потег, со кој Талибанците им порачаа на САД, ден спроти доаѓањето на специјалниот пратеник Холбрук, дека е подобро да се повлечат од Авганистан, наместо да испраќаат нови 30.000 војници, како што најави новата администрација во Вашингтон. Тоа е исто така порака до претседателот Хамид Карзаи дека годината на претседателски и парламентарни избори ќе биде пеколна.