1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Има ли спас за самитот со Русија?

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, во својство на претседавач со ЕУ, денеска патува за Москва со задача да го спречи од пропаѓање самитот на ЕУ и Русија закажан за петок. Штајнмаер денеска ќе разговара со рускиот колега Сергеј Лавров и, како што е најавено, ”многу веројатно” рускиот претседател, Владимир Путин.

Кремљ

Кремљ

Самитот ЕУ – Русија требаше да биде врв на германското претседавање со ЕУ. Но, очекувањата од него, сега се апсолутно пригушени. Единствен позитивен знак е тоа што рускиот министер за надворешни работи го покани шефот на германската дипломатија, Штајнмаер во Москва за да го подготват самитот. Штајнмаер сега треба да види што е можно да се реализира на самитот и се верува дека ќе успее да разговара и со рускиот претседател, Путин. На средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, Штајнмаер вчера беше песимист што се однесува до изгледите за нов договор за партнерство со Русија:

”Мислам дека и Русија знае дека ЕУ е важен партнер за нејзе и тоа не само во однос на економските прашања.”

Германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг, во кругот на неговите колеги од унијата,во Брисел исто така пледираше за наоѓање заеднички јазик со Москва, зашто..."...кога ќе помислам на прашањето Иран и на другите прашања, сметам дека треба да имаме дијалог за да ги решиме проблемите и да дојдеме до заедничка безбедносна политика.”

Министрите за надворешни работи разговараа долго за тешкиот однос со Русија. На крајот на средбата еврокомесарот за надворешна политика, Бенита Фереро Валднер, беше скептична – на самитот на кој Путин и Меркел ќе седат еден наспроти друг веројатно нема да се случи нешто многу.

Министрите за одбрана на ЕУ, во Брисел се договорија околу мисија за обука на полицајци во Авганистан. Речиси 200 експерти ќе придонесат за развој на авганистанската полиција. Германскиот министер за одбрана, Јунг, упати критики до американските трупи и операцијата што тие ја водат во Авганистан. Во воздушни напади на југ од земјата неодамна беа убиени 20 цивили. Јунг побара:

”...да се погрижиме за тоа во иднина веќе да нема операции од ваков тип, зашто ако населението застане против нас не можеме да имаме успех.”