1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Има ли спас за преговорите?

Ноќеска истекува мораториумот на градењето нови еврејски населби на палестинските автономни подрачја на Западниот Брег. Израелската влада има намера од утре (26.09.2020) да дозволи да продолжат градежните работи.

default

Главните играчи: Хилари Клинтон, Махмуд Абас (во средината) и Бенјамин Нетанјаху

За палестинската страна прекинот на мораториумот претставува причина за прекин на неодамна почнатите директни мировни преговори. Со оглед на кревкоста на преговорите и можните последици од нивниот прекин, во обидите за изнаоѓање решение се вклучи и американската дипломатија.

Израелската влада во меѓувреме сигнализираше подготвеност на компромисно решение. По телефонскиот разговор со премиерот Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Ехуд Барак го продолжи престојот на Генералното собрание во Њујорк за да учествува во преговорите за изнаоѓање решение во последен миг.

Синоќа ( 24.09.2010) во Њујорк се сретнаа и претседателот на Палестинците Махмуд Абас и шефицата на американскиот Стејт Департмент, Хилари Клинтон. По средбата Абас изјави дека „нема ништо ново“, но затоа за денеска е закажана нова средба со Клинтон.

Palästinenser Israel Siedung Bau in Westjordanland

Една од спорните населби, Малех Адумим, во близината на Ерусалим

Државниот секретар во Стејт департментот, Џеф Фелдман, потврди дека се водат интензивни преговори, при што американската влада врши притисок врз израелската страна да го продолжи мораториумот на градење еврејски населби на палестинските автономни подрачја. Истовремено владата во Вашингтон се обидува да им објасни на Палестинците дека не е во нивен интерес да се прекинат неодамна почнатите директни преговори.

Компромисен модел

Израелскиот весник „Једиот ахронот“ пишува дека се преговара за компромисен модел, според кој Израел официјално нема да прогласи ниту продолжување на мораториумот, ниту пак ќе дозволи продолжување на градежните работи, но тие на теренот ќе продолжат, само во намален обем. Досега палестинската страна одбиваше секаков компромис. Претседателот Махмуд Абас пред претставници на дијаспората во Америка порача дека какви и да се градежни работи на Израелците на палестинските автономни подрачја, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, се лоша подлога за продолжување на преговорите. Абас предлага Израел да го продолжи мораториумот за еден до два месеца, а за возврат ветува брза спогодба за некои од спорните теми во мировните преговори.

Frieden Nahost Netanjahu Obama

Барак Обама (во средината) со лидерите на двете страни, Бенјамин Нетанјаху (лево) и Махмуд Абас

Апел од Обама и Меркел

За мировните преговори на Блискиот исток стануваше збор и во вчерашниот телефонски разговор меѓу американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел, кои ги повикаа двете страни да сторат се’ за да го спречат пропаѓањето на преговорите. Двајцата се сложија во ставот дека Израел мора да го продолжи мораториумот. Сличен апел Обама упати и од говорницата на Генералното собрание во Њујорк, што наиде на големо ехо во Изрел. Министерот за социјални прашања Ицак Херцог порача:

„Израел би требало со чесна, храбра и смела формулација да најде формулација и да го испочитува советот на претседателот Обама.“

Автор: Клеменс Ференкоте/Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска