1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Има ли спас за Опел?

Проблемите на авто-индустријата во Германија поради финансиската криза се во фокус на две средби во Берлин-за спас на Опел ќе се разговара кај канцеларката Меркел, а за излез на браншата од криза кај министерот Штајнмаер

default

Опел бара гаранции на државата во висина од една милијарда евра

Германската канцеларка, Ангела Меркел, попладнево (17.11.2008) заедно со министрите за финансии и за економија, Пеер Штајнбрик и Михаел Глос ќе разговара со раководството на Опел околу евентуална помош на државата за овој концерн. Вечерва, пак, министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер со Советите на вработените во автомобилските концерни ќе разговара за ситуацијата во оваа бранша и за спасувањето на работните места.

Ќе пропадне ли Опел во бездна заедно со Џенерал Моторс?

Опел и неговите 25 700 вработени се во опасност да пропаднат во бездна, заедно со матичниот американски концерн, Џенерал Моторс. Канцеларката Ангела Меркел вели дека ситуацијата ќе се испитува чекор по чекор и ќе се трага по можни решенија. Таа, во својот кабинет

General Motors entlässt Mitarbeiter

Фабрика на Џенерал Моторс - иднината на концернот не е розова

денеска (17.11.2008), ќе разговара со шефот на Опел, со првиот човек на Џенерал Моторс за Европа, како и претседателот на Советот на вработените во Опел. Утре, претставниците на Опел, заедно со претставници на сојузот и на четирите покраини каде што има фабрики и претставништва на Опел, треба да разговараат во детали околу гаранциите што државата би му ги дала на концернот за да го спаси од пропаст. Според претставниците на концернот, Опел бара гаранции од државата само во случај доколку се случи банкрот на Џенерал Моторс. Американските демократи, денеска во конгресот треба да поднесат предлог закон кој би требало да и‘ ги отвори вратите на финансиската бранша до пакет за помош тежок 700 милијарди долари. Републиканците и претседателот Џорџ Буш се против ваков закон.

Паушална помош - не!

Германскиот министер за финансии, Пеер Штајнбрик, смета дека не треба да се дава паушална помош за автомобилската индустрија. „Генерална конјуктурна програма за авто-индустријата нема смисла. Државата не може да ја замени приватната куповна моќ и не е договорна за грешките на индустријата“, изјави Штајнбрик за денешен „Билд“.

Министерот за финансии, Михаел Глос, пак, нагласува дека германската влада мора да внимава - евентуалната помош за Опел да не истекува потоа во матичниот концерн, Џенерал Моторс: „Мора да знаеме дали парите остануваат во Германија“,

Autoindustrie im Iran

Во која насока да се оди?

вели Глос и додава дека од евентуалните гаранции за Опел не смеат да произлезат погрешни сигнали: „Моите стравувања се однесуваат на тоа дека се‘ повеќе фирми ќе бараат државен чадор за спас и тоа би не‘ одвело во проблеми.“

Постојат предлози, Опел да се одвои од матичниот концерн. Бодо Рамелов, од Партијата на левицата, изјави: „Во случајот на Опел може да се дадат гаранции, но во перспектива мора да се погрижиме за тоа Опел повторно да стане германска марка, значи фирма во која учество ќе имаат вработените и покраините.“

Буре без дно

Германскиот институт за економски истражувања предупредува дека во овој момент не смеат да се дадат државни гаранции, зашто постои опасност загубите од САД да се пренесат во Германија. Претседателот на институтот, Клаус Цимерман, изјави дека доколку му се помогне на Опел, ќе треба да и‘ се пружи поддршка на целата бранша, на која и‘ оди лошо. “Тоа е буре без дно“, изјави Цимерман, додавајќи дека гаранции доаѓаат предвид само ако Џенерал Моторс навистина банкротира.

DW.COM