1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Има ли спас за Опел?

Автопроизводителот Опел денеска (22.09) одбележува 150 години од основањето на фирмата. Опел во моментов има малку причини за славје, зашто загубите во работењето се трупаат.

Расположението во Риселсхајм, кадешто е седиштето на Опел, е ретко толку ведро како денеска. Производните ленти работат забрзано, еден бенд свири евергрини, деца возат карт, а илјадници фанови на Опел ги тестираат своите омилени автомобили. Дури и шефот Томас Седран, кој во моментов има тешка задача и е соочен со болни одлуки, не дозволува да му се расипе расположението. „Ние во Опел можеме да бидеме горди на нашето претпријатие и нашите автомобили“, вели тој.

Само прашање - уште колку јубилеи Опел ќе прослави? Кризата во Јжна Европа го турна автопроизводителот, кој и онака со години бележеше дефицити, по уште пострмна надолнина. Опел повторно треба да крати работни места, иако пред неполни две години беше затворена една негова фабрика и беа отпуштени 8.000 луѓе. Менаџерскиот тим на Опел одамна работи на планот за иднина „Драјв Опел 2022“, кој треба да поттикне пораст и да ги намали трошоците. Но работите не се толку едноставни. Зашто за да бидат намалени персоналните трошоци, менџерскиот тим треба да постигне согласност со моќниот синдикат и советот на работни луѓе, кои по секоја цена сакаат задржување на фабриката во Бохум.

Porträt Opel-Vorstand Thomas Sedran

Томас Седран е исправен пред непријатни одлуки

Треба да се скратат работни места и во администрацијата, но тоа нема да биде доволно, убедени се експертите. Опел ќе мора да има сила да донесе неубави одлуки за да може да преживее, вели експертот Штефан Брацел. Тој оценува дека автопоризводителот ќе мора да затвори една, ако не и две свои фабрики, за да ги прилагоди капацитетите на побарувачката.

Водечка улога на патот „назад во Лигата на шампиони“ треба да игра производствената офанзива, вели Седран. „Сметаме дека има голема шанса со малите автомобили - покрај Адам, ќе произведуваме уште еден вистински ’сити-кар’. Еден кабрио-автомобил со име Каскада треба да почне да се продава од март 2013 година.“

Dunkle Wolken über Opel-Logo

Темни облаци над Опел

Седран не само што сака да ги намали трошоците и да го зголеми приходот, туку сака да му даде и нов сјај на избледениот имиџ на Опел, како на пример со рекламни партнери во фудбалската Бундеслига. Во рекламите автопроизводителот сака да привлече нови муштерии со дозвола за бесплатно возење цели 30 дена и граница од максимално поминати три илјади километри за тоа време. Пораката гласи: „Кој еднаш се возел во наш автомобил, брзо се уверил во квалитетот и иновативноста“.

Кај Брацел со ваквите реклами се праќа поинаква порака. „Тоа звучи многу беспомошно“, вели тој. Добро е што автопроизводителот прави се‘ за да ги привлече муштериите да ги запознаат возилата, но „тоа е многу критична мерка која ја покажува драматичноста на состојбите“.