1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Има ли спас за климата?

Со недели низ цел свет има чудни климатски појави - поројни дождови во Пакистан, одрон на земјиште во Кина, екстремно ниски температури во Перу, а до средината на август во Русија беше зафатена од огнена стихија. Зошто?

default

Големи поплави во Пакистан

Самите експерти се вчудовидени од климатските екстремни појави во изминатите недели. Тие не се вообичаени ни за рускиот физичар Владимир Рјабинин. Тој работи во Светската програма за истражување на климата во Женева, при седиштето на Светската метеоролошка организација (ВМО):

„Досегашната рекордно висока температура во Москва, за време на топлотниот бран беше надмината 22 пати. Во Пакистан паѓаа големи количества дождови. Многу национални метеоролошки служби сега се обидуваат да откријат зошто дошло до тоа. Во моментов, за жал, можеме само да шпекулираме за причините.“

Силни монсунски дождови


Schweiz UN Weltklimakonferenz in Genf Gro Harlem Brundtland

Седиштето на Светската метеоролошка организација (ВМО) во Женева

Владимир Рјабинин смета дека постои врска помеѓу климатските екстремни појави:

„Поради климатските услови во Русија, воздухот практично не можеше да излезе од областа каде паѓаа екстремни монсунски дождови. Од една страна се протега планинскиот венец на Хималаите. Од другата страна беше областа со висок притисок, и сметам дека тој не можеше да се намали, поради тоа што потоа над Арапскиот полуостров се насобра многу жежок воздух. Најпосле екстремните дождови стигнаа и до Кина.“

Ова е секако погодно време за монсунските дождови. Во тропскиот Пацифик вообичаено се менуваат природните климатски феномени Ел Нињо и Ла Ниња на неколку години. Во моментов, Пацификот се наоѓа во фазата Ла Ниња, што влијае на Индискиот океан и монсунот, објаснува Рјабинин:

„Ла Њина се поврзува со поројните дождови над Индија. Кога температурите во Индискиот Океан се зголемени, тогаш и воздухот кого монсунскиот ветер го носи кон копното е повлажен.“

Екстремните појави ќе станат почести


Waldbrände in Russland

Високите температури во Русија предизвикаа бројни пожари

Експертот Владимир Рјабинин зборува за глобалните климатски промени:

„Според извештајот за светската клима од 2007 година, се‘ поверојатно станува дека екстремните климатски појави ќе станат почести и посилни. Она што се случува во моментов, се поклопува со оваа прогноза. Сметам дека мора да бидеме подготвени на редовни, многу интензивни случувања од тој вид.“

Во 2003 година Средна Европа беше зафатена од топлотен бран. Сега Русија ја погодија рекордно високи температури. За климата на која сме навикнати, и двете појави беа прилично екстремни. Тоа би требало да се случува само на илјада години, смета метеорологот.

Како да се предвидат климатските појави?


Flutkatastrophe in Indien Millionen Menschen auf der Flucht

Екстремните дождови во иднина ќе бидат поинтензивни

Сепак, Хајнц Ванер не е зачуден поради ваквиот развој. Швајцарецот е директор на Центарот за климатски проучувања при Универзитетот во Берн:

„Секако дека рекордните температури ќе бидат повисоки. Распределбата на температурата се развлекува хоризонтално, што значи дека периодата на температурата ќе се зголеми, а екстремните појави ќе бидат посилни.“

Метеоролошките служби во наредните недели планираат да се одржи средба на експертите за клима, во Париз и во САД. Тие сакаат да ги разјаснат причините за екстремните климатски појави ова лето. Исто така сакаат да најдат начин - како во иднина подобро да се предвидат таквите појави.

Автор: Фолкер Мразек / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска