1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Има ли решение за нафтената криза?

Во потрага по причините за порастот на цените како и по мерки што ќе го запрат, во Саудиска Арабија се одржа самит на земјите производители и потрошувачи на нафта. Се бара поголема транспарентност.

default

Кризен самит во Џеда, Саудиска Арабија

„Секоја земја мора да стори се’ што е во нејзина моќ за да ја олесни оваа тешка ситуација“ – порача саудискиот министер за нафта Али ал Наими на крајот од самитот во Џeда. Тој за жал не можеше да објави конкретни мерки, но затоа најави дека неговата земја веќе од 1. јули ќе го зголеми производството на сирова нафта и преку сегашните 9,75 милиони барели дневно.

„Кога Саудиска Арабија го зголемува или намалува производството, таа тоа го прави врз основа на побарувачката. Секако дека ќе им излеземе пресрет на нарачките на нашите муштерии. Од друга страна се надеваме дека земјите потрошувачи ќе ги прилагодат сопствените правила и ќе одобрат на пример инвестиции од странство во нивните рафинерии или вадењето нафта од нивните извори. Ние сакаме да соработуваме и денеска постигнавме договор по ова прашање, се надевам дека сите ќе се придржуваат кон него“ – порача министерот за нафта на Саудиска Арабија.

Заедница на интереси наместо судир на интереси

Оваа соработка на земјите произведувачи и потрошувачи е еден од конкретните резултати на средбата во Џeда. Британскиот премиер Гордон Браун вака ја појасни суштината на соработката што беше предложена:


„Предлагам Велика Британија и другите земји потрошувачи на нафта да ги отворат пазарите за инвестиции од земјите произведувачи на нафта. Тоа треба да се однесува и на државните фондови на потрошувачите, како и на вложувања во сите видови производство на енергија, вклучувајќи ја и нуклеарната. На тој начин земјите произведувачи на нафта се обезбедуваат за времето по нафтата, кога резервите ќе бидат исцрпени. Со тоа исто така го претвораме постојаниот конфликт на интереси меѓу производителите и потрошувачите во голема заедница на интереси.“

Повеќе причини за порастот на цената

Што се однесува до причините за вртоглавиот пораст на центата на нафтата, Кралот на Саудиска Арабија Абдула порача:

„Има повеќе причини за необјасниво брзиот пораст на цените, тука се шпекулации на меѓународните пазари, потоа растечките потреби по нафта на земјите во развој, како и пораснатите даноци во некои земји.“

Тој се заложи за намалување на даноците за енергенси, како и за зголемена транспарентност на светските пазари и берзи. Дали земјите производители ќе го зголемат вкупното количество на нафта за да се намалат цените преку зголемената понуда, тоа ќе реши нивното здружение ОПЕК на средбата во септември.