1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Има ли Македонија доволно стручњаци за преговори со ЕУ?

Независна и ефикасна јавна администрација е многу важна за евроинтеграцијата на Македонија. На земјата и‘ е потребен силен капацитет за преговори со ЕУ за влез. Има ли Македонија доволно млади, добро обучени кадри?

default

Најмалку половина од трите илјади владини стручњаци ќе мора да бидат ангажирани во исполнувањето на триесет и трите поглавја од преговорите на Македонија со ЕУ. Дел од луѓето кои во 2004 и 2005 година беа дел од процесот на подготовки за преговори со ЕУ, веќе не се во администрацијата.

Интензивната комуникација меѓу Брисел и Скопје ќе трае најмалку три до четири години, пред да биде донесено решение - дали Македонија ги исполнува сите услови за членство во Унијата. Експертите предупредуваат дека е потребна целосна мобилизација на стручниот потенцијал.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска