1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Има ли крај на разочарувањата?

Баерн Минхен и натаму бара излез од актуелната криза. Тимот на Јирген Клинсман, по последните слаби настапи во Бундеслигата, се прикажа во малку подобро светло во вториот натпревар во Лигата на шампионите.

default

Јирген Клинсман

Синоќешниот (30.09.08) настап на Баерн во Минхен против Олимпик Лион беше сепак недоволно за втора победа во елитното натпреварување. Гостите водеа до 52 минута, кога баварците, преку Зе Роберто, во 52 минута, го израмнија реултатот. И покрај ваквиот равој, менаџерот Ули Хенес е задоволен од резултатот, но и од атмосферата која владее во тимот:

Bayern Manager Uli Hoeneß beim DFB Pokalspiel gegen Nürnberg

Ули Хенес

„Мислам дека можеме да бидеме многу задоволни. Натпреварот беше добар. Се разбира дека е ова нешто поинаку од Бундеслигата. Станува збор за првокласен европски фудбал и затоа не може да се очекува ваков противник веднаш да се притисне.“

Тренерот Јирген Клинсман, по натпреварот, исто така излезе со задоволителна оценка: „Тимот сеуште се бара себеси, се прават обиди да се воспостави една нова хиерархија. Тоа е многу нормално, по заминувањето на Оливер Кан, нивниот капитен“, изјави Клинсман.

Fussball Bundesliga Bayern München Werder Bremen

Томас Шааф пред тешко искушение во Милано

Во вториот натпревар од групата Ф, Фиорентина и Стеауа одиграа без голови. Во останатите дуели: Зенит-Реал 1:2, Бате Борисов-Јувентус 2:2, Алборг-Манчестер Јунајтед 0:3, Виљареал-Селтик 1:0. Арсенал во Лондон го прегази Порто со 4:0, Фенербахче и Динамо Киев одиграа без голови. Денеска на програмата се натпреварите од преостанатите групи. Најмногу внимание предизвикува дуелот во Милано, меѓу Интер и Вердер Бремен.