1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Има ли исламски фундаментализам на Косово?

Убиството на Наман Демоли од Приштина овие денови во Сирија кој како доброволец се борел на страната на бунтовниците, повторно го покрена прашањето за односите меѓу традиционалниот ислам и секуларизмот на Косово.

Секуларната држава и секуларизмот последниве години во Косово се сериозно загрозени. За тоа е виновна и Исламската заедница која „не е способна да го развива религискиот живот по нормален пат, му служи на народот и проповеда ислам“, смета Исмаил Хасани, универзитетски професор од Приштина. Како резултат на тоа се се поевидентни случаите на изразување на исламски фундаментализам, вели Хасани.
„Не е тешко само да се погледнат младите луѓе кои носат бради, начинот на облекување... Тие млади луѓе повеќе личат на луѓето од Средниот сток отколку на чиста албанска раса, убави момчиња и девојки, кои, по мене, навистина не изгледаат како што порано изледаа луѓето“, наведува професорот Хасани.

Ситуацијата „е многу подобра отколку во регионот“

Неговиот колега Антон Бериша, од катедрата за социологија на Универзитетот во Приштина, има поинакво мислење. Тој смета дека состојбата на тој план „е многу подобра отколку во регионот“. Бериша потсетува дека настојувањата религијата да се воведе во училиштата пропаднала, а само 3% од испитаниците пред неколки месеци изјавиле дека верата им е поважна од нацијата и велат дека Косово има „поважни работи“.

Syrien Rebellen in der Stadt Ras al-Ain

Наман Демоли од Приштина во Сиријакако доброволец се борел на страната на бунтовниците

Што се однесува на вахабистите и оние кои во последно време го практикуваат исламот на начин кој не е вообичаен на косовските простори, професорот Бериша оценува дека „тие не претставуваат некоја реална опасност“.
„Вахабистите и тие движења постојат. Тие во одредени ситуации имаа конфликти со традиционалните религиозни кругови, но надвор од тие кругови, немаше никакви проблеми, никаква нетрпеливост, ниту се чувствуваше обид да испливаат на површина како фактор кој може да ја дестабилизира заедницата.“

Да се формира Министерство за вера

Исмаил Хасани, инаку социолог по религија, смета дека нема време за губење. Владата, според него, треба да формира Министерсто за вера, ако не сака да има поголеми проблеми. Таа, во соработка со „исламската и со останатите верски заедници треба да се обиде да го поправи она што не оди во одредена насока.“
„Ако работите не се одвиваат така, се сомневам дека ќе се случи она што се случи во Босна - со оние натписи на арапски: наместо натписите за улици, села или градови (на босански), воведени се натписи на арапски јазик. Срамота е нешто такво да се прави и така да се размислува во 21. век“, заклучува Хасани.
Мнозинството од Албанците на Косово се муслимани, има само 60-тина илјади католици и многу малку православни. Кога на 1. септември минатата година директорот на едно средно училиште во Приштина, пред камери, не ја примил на настава ученичката бидејќи имала шамија на главата, избувнаа демонстрации. Некои посериозни поседици, освен осуда на тој чин и повторно барање на воведување на религија во училиштата, меѓутоа, немаше.