1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Има ли излез од енергетската криза на Балканот?

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски организираше средба со експерти од енергетскиот сектор на која се бараа решениа за излез од енергетската криза на Македонија, но и за земјите од Балканот. На средбата учествуваше и Атанаско Туневски, директор на државниот елекетро преносен систем и професор на Техничкиот факултет во Скопје. За иднината на Балканот на енергетски план со него разговараше Горан

Иднината е во нови капацитети

Иднината е во нови капацитети

�етревски

Господине Туневски, како мина средбата со шефот на државата?

Како што знаете, шефот на државата организираше средба со редица експерти од МАНУ и од факултетите во РМ, од министерствата за економија како и од клучните енергетски компании, ЕЛЕМ и МЕПСО. Се во функција на идниот самит со претседaтели на држави од ЈИЕ кој ќе се одржи за десетина дена во Охрид. Секој од учесниците на средбата даде свое видување на актуелната состојба во енергетскиот сектор со посебен осврт, на електро - енерегетскиот сектор. Ги искажавме своите мисли, ставови и согледување. Општ беше заклучокот дека се работи за сериозна и комплексна ситуација во електроенерегетиката којашто бара брзи, но и решенија коишто на подолг ќе дадат соодветни резултати.

Ќе може ли повеќе да ја објасните оценката сериозна и дали на средбата дојдовте до конкретна идеја како да се надмине таа состојба?

Па ситуацијата е сериозна од проста причина што цела ЈИЕ се соочува со сериозен недостиг на електрична енергија, главно заради две причини. Првата е затворањето на бугарската нуклеарна централа во Козлодуј, што на целиот регион во ЈИЕ му оневозможи да има пристап до околу 6000 гигават часа електрична енергија. Таа електрична енергија е еднаква на целокупното годишно производство на македонските електрани. Значи се работи за сериозно количество на енергија. Тоа е првата причина. Втората е што во последните години дојде до релативно сериозен и брз пораст на индустриското производство, особено во Романија и Бугарија како нови земји членки на ЕУ. Тој пораст на индустриското производство јасно бара и зголемена потрошувачка на енергија во овие земји, што заедно со зголемената потрошувачка и во Македонија, но и во другите земји од ЈИЕ се причина за недостигот од електрична енергија. Тоа пак, од друга страна придонесува за енормен пораст на цените на електричната енергија. Само за илустрација во 2006 година, цените на електричната енергија беа во просек 45 евра за мегават час, во последните шест месеци тие се веќе 65 евра за мегават час, а минатата недела добивме цени за 2007 година и тие се 70 евра за мегават час. Тоа значи за само три години пораст на цените од над сто проценти.

Дали на средбата со шефот на државата дефиниравте барем стратегија за настап на енергетскиот самит?

Па стратегијата за настап веројатно ќе се утврдува и во наредните десетина дена. Ние изложивме што е наше видување. Дека РМ мора да се насочи кон некои цели коишто мора да ги постигне. Во наредниве години мора да се изгради нов производествен капацитет. Сеедно дали тој ќе биде на гас, јаглен или друг енергенс. Важно е да има електрична енергија без разлика дали таа ќе биде по цена од 20 евра за мегават час како што е сега регулирана цената или нешто поскапно. Заеднички беше констатирано дека најскапа енергија е онаа што ја нема. Значи кога нема енергија тогаш не се прашува за цена и затоа Македонија треба што поскоро да се насочи кон изградба на нов производен капацитет. На повидок е почеток на изградба на гасна електрана што топлификација ќе ја гради заедно со руски партнер. Има идеја и за изградба на втора гасна електрана од страна на ЕЛЕМ. Така што овие две гасни електрани се очекува во наредните две три години да го ублажат недостатокот од електрична енергија. Барем на краток рок. Но, се разговараше и за некои посериозни и покрупни чекори како што е наше учество во изградбата на нуклеарната електрана во Бугарија, Белене. Односно закуп на определен број, можеби двесте мегавати, со кои Македонија ќе покрие поголем дел од дефицитот со електрична енергија со кој се соочува. Беше спомната и изградбата на капацитетите во ТЕЦ Неготино, тендер којшто тече. Од страна на некои дискутанти беше критикувано тоа што постојните двесете мегавати од термоцентралата се продаваат. Сакам да истакнам дека на состанокот немаше само еднозначни мислења туку и противречни.

Има ли консензус околу учеството на Македонија во изградбата на бугарската нуклеарка во Белене?

Па сега за сега нема. Од страна на сите дискутанти беше посочено дека можеби е вистинско решение на време да се вложи во таа нуклеарна електрана. За споредба, ние минатата година како држава сме дале околу 100 милиони евра за увоз на струја. Годинава ќе дадеме повеќе. Ако земеме дека дел од средствата ќе ги вложат големите потрошувачи, но сепак да ги третираме како државни средства, ќе дојдеме до заклучок дека за сегашниот увоз од 2000 гигават часови, по просечна цена од 70 евра за мегават час ќе не чини 140 милиони евра. Цената на закупот на двестате мегавати во Белене се уште не се дефинирани, можеби ќе чини околу двесте милиони евра, но вреди да се размислува тие пари да се насочат таму. Бидејќи се помала сума од потребната за двегодишен увоз на струја за Македонија.

Која е другата алтернатива за Балканот, како регионот ќе излезе од енергетската криза?

Регионот на краток рок нема да излезе од енергетската криза. Оваа криза ќе трае можеби две – три години и повеќе, се додека не се изградат нуклеарните централи во Бугарија, пред се Белене. Има варијанта за изградба на нуклеарна електрана и во Романија. Тие се сериозни капацитети што на некој начн ќе го заменат производството на Козлодуј. Дури после после пет – шест години кога ќе се изградат нуклеарните централи, земјите од регионот на Југоисточна Европа на некој начин ќе ја надминат кризата со електрична енергија.

Дали дотогаш на Македонија и се заканува енергетски крах? Може ли земјата да остане без струја?

Не би се согласил дека е можен енергетски крах. Проблеми се можни и ќе се случуваат. Треба да ги заборавиме и оние времиња кога електричната енергија се третираше како ефтина категорија. Од сега натаму никогаш повеќе електричната енергија нема да биде така ефтина како досега. Прашање е на време е колку брзо ќе дојде до пораст на цените на електричната енергија. Од сега натаму, таа цена сигурно нема да се намалува. Ќе доаѓа само до пораст и поголема потрошувачка. Крах е прејак збор. Проблеми со кои државата ќе мора навреме да се соочи и да реагира адекватно се неминовини, и мислам дека на соодветен начин ќе мораме да најдеме решение за овие ситуации.

Бидејќи затварањето на Козлодуј беше извесно, можеше ли Македонија поинаку да настапи и да ја избегне оваа ситуација?

Цела Југоисточна Европа се соочува со истиот проблем. Македонија не е исклучот од правилото дека целиот регион се соочува со криза. Ние во последниот тендер бараме околу 300 мегавати енергија. За споредба Хрватска бара и увезува 600 мегавати, Хрватска е и двојно поголема од нашата држава така што ситуацијата таму и тука е иста. За Албанија знаете какви проблеми и рестрикции имаше во зимата што измина. Некои делови од Албанија по 18 часа беа под рестрикција. Бугарија од сериозен извозник на електрична енергија со нето годишен девизен прилив од околу 300 милиони евра, стана земја која само ги покрива своите потреби. Слична е ситуацијата и со Романија. Србија и република Српска имаат доволни количини на електрична енергија, а за извоз само во пролентните месеци, кога има добра хидролошка состојба. Во зимските месеци и тие мораат да ги палат електраните на мазут. Така што целиот регион е во сериозна криза. Црна Гора во јануари 2007 година имаше големи проблеми со енормните цени на електричната енергија, поради скапата увозна енергија. Грција допрва ја очекуваат сериозни проблеми, особено во летните месеци 2007 година.

Одговорот на вашето прашање е дека, Македонија не направи ништо поразлично од сите земји во регионот. Сите земји како да не очекуваа дека ќе мора да се затвори Козлодуј. Козлодуј произведуваше 6.000 гигават часови, тоа е целокупното годишно производство на електрична енергија од Македонија. Значи се работи за сериозни количини кои што го покриваа и грчкиот и македоскиот и српскиот пазар и на некој начин беа база за покривање на потребите во цела Југоисточна Европа. Не сакам сега да навлегувам во мотивите за затварање на Козлодуј. Ми се чини дека не се само економски и еколошки туку по малку и политички. Цела Југоисточна Европа до затварањето на Козлодуј беше навикната на ефтина електрична енергија од Козлодуј, по затварањето се чини дека европските трговци со струја, таа европска струја која ја има во релативно изобилие во Западна Европа се обидуваат да ја пласираат на овие пазари. Се работи за сериозни количини, сериозни пазари и сериозни профити на тие компании. Можете да замислите за какви профити станува збор ако досегашната струја за 30 евра по мегават часови сега одеденаш морате да ја плаќате по 70 евра.

Дали Македонија се приклучи на апелот на Југоисточна Европа до Брисел за повторно вклучување на Козлодуј?

Ние бевме активни во тој процес на обиди за повторно отворање на Козлодуј, но како што реков, зад неговото затворање стојат сериозни интереси - не само економски туку и политички. Идејата е еден ден во блиска иднина, релативно блиска иднина, цела Европа да плаќа иста цена на струјата.