1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Има ли екстремни исламски структури во Македонија?

Исламската верска заедница во Македонија првпат отворено и гласно зборува за екстремисти во своите редови. За да се справи со нив бара помош од државата. Посочените пак не признаваат дека се верски фанатици.

default

ИВЗ

Модринките од тепачката во Иса Беговата џамија во Скопје заздравуваат, но остануваат тешките обвинувања меѓу двете спротиставени страни. Првата, која официјално ја претставува ИВЗ, обелоденува дека пет џамии во Скопје ги контролира група есктремисти. Гласно и директно ги нарекува вахабисти. Тие пак ги негираат обвинувањата и возвраќаат со контра обвинување за голем кримал во раководството на ИВЗ.

Неединството во ИВЗ експлодираше во инцидент каде аргументите беа заменети со тупаници. Според Јакуб Селимовски од ИВЗ причина за проблемот е оџата Рамадан Рамадани кој не ја почитувал одлуката за негово разрешување. Селимовски вели дека Рамадани го поддржуваат екстремни исламски структури во Македонија. „Верувам дека ниту еден од вехабистите во Македонија нема да признае дека е вехабист. Тие се плашат бидејќи во Европа тоа движење се поврзува со радикланиот ислам од кој понатаму можат да се изведат одредени насилнички акци“, вели Селимовски и додава дека на денот на инциндентот во Иса Беговата џамија биле присутни сите вахабистички групи како поддршка на Рамадани.

Разрешениот оџа тврди дека е етикетиран без основа

Betende in der Al-Nur Moschee in Berlin

Молитва во џамија

Разрешениот оџа е убеден дека во Македонија нема исламски екстремисти и го смета за навреда тврдењето дека е вахабист. „Не познавам ниту индивидуи, ниту структури кои би можеле да се дефинираат во рамките на овие термини прусутни во глобалниот исламски свет. Ова во Македонија е политичко етикетирање и стигматизирање на луѓето кои од напуштањето на комунизмот сакаат да се вратат на верата“.

Рамадани смета дека немоќта на раководството на ИВЗ да се трансформира и да се прилагоди на новото време го тера да измислува приказни за исламски радикали. „Трансфорамацијата на ИВЗ трае многу долго. Со верската заедница раководи човек кој потекнува од кумровечката школа“.

Сепак, официјалните претставници на верската заедница во која членуваат најголемиот број муслимани во земјата ги потврдуваат пишувањата на некои странски весници според кои Македонија станува плодно тло за верски екстремизам. Селимовски за Дојче веле тврди. „Тие движења се појавуваат се’ повеќе особено на подрачјето на Скопје. Оваа појава не е изолирана само во Македонија.“

ИВЗ очекува поддршка од надлежните органи за да се справи со луѓето во своите редови кои ги смета за екстремисти. Државата засега од дистанца ги следи настаните.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина