1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Има ли „дил“ меѓу Обама и Медведев?

Преговараат ли САД и Русија зад кулисите околу нова спогодба за спорниот анти-ракетен штит на Американците? Дали е во игра некаков меѓусебен договор?

default

Медведев и Обама на фотомонтажа

Руската државна телевизија долго ги премолчуваше гласините за наводна тајна понуда на американскиот претседател, Барак Обама до рускиот претседател, Дмитри Медведев. Вчера конечно се огласи и Кремљ и тоа со изјава на портпаролот на претседателот, Наталија Тимакова. Таа порача дека Обама не му понудил на Медведев откажување од плановите за распоредување на спорниот анти-ракетен штит во Источна Европа. Во дописот на американскиот претседател има само низа проценки за актуелната ситуација во светот и неколку предлози, нагласи портпаролот на Медведев.

Вистината за наредните поколенија

Дали е тоа навистина така или не, ќе остане тајна што ќе ја откриваат историчарите. Целата приказна ја лансираше американскиот весник „Њујорк тајмс“, кој пишуваше за тајно писмо на Обама до Медведев. Во него наводно се бара Русија да изврши влијание врз Иран околу неговата спорна атомска програма, а за возврат се нуди откажување од анти-ракетниот штит во Источна Европа.

Аргументи „за“ и „против“

Во руската јавност се поведе голема дебата околу тоа дали има смисла да се стават на коцка добрите односи со Иран за нешто што е само потенцијална закана.

Polen USA Abkommen zu Raketenschild Rice und Radek Sikorski

Ќе останат ли попусти потписите на Рајс и Сикорски под договорот за распоредување американски антиракетен штит во Полска?

Политичките коментатори во руските медиуми нагласуваа дека тоа би била лоша зделка, затоа што Американците би се откажале од систем, што ни од далеку не почнал да функционира, а Русите би требало да ја рискираат добрата соработка со таков важен регионален играч, како што е Иран.

Освен тоа не е јасно дали Американците воопшто би се придржувале до договорот и не би ги продолжиле подготовките за антиракетниот систем во тајност. Руските односи со Иран, пак, ако еднаш се расипат, тоа повеќе не може да се поправи. Коментаторите уште аргументираа дека Америка се покажала како недоверлив партнер и кога станувало збор за проширувањето на НАТО кон Исток. Тоа порано било исклучено како опција, а сега во Алијансата постојано се разговара дури и за прием на Украина и Грузија, како земји во непосредно соседство на Русија.

Многумина од руските експерти исто така сметаат дека Обама ионака ќе се откажел од анти-ракетниот штит, ако поради ништо друго, тогаш поради големата финансиска криза.

Лошо за рускиот имиџ

Сепак, од друга страна за Русија би било лошо доколку едноставно отфрли таква понуда. Русија повторно би се нашла во улогата на „лошото момче„ кое не ја прифаќа добрата понуда на новиот американски претседател. Освен тоа, за Русија е многу важно да го спречи инсталирањето на антиракетниот систем директно пред сопствените порти.

Russland Sergei Lawrow droht Georgien mit Vergeltungsmaßnahmen

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров

Официјална Москва во моментов игра на време. Кога иранскиот министер за одбрана Наџар во февруари во Москва потсети дека било договорено Русија на неговата земја да и’ испорача одбрамбени ракети од системот С-300, Кремљ не се впушти во временски ветувања. Премногу му се важни односите со САД, кои во последно време многу страдаа:

„Отворени сме за рамноправен дијалог, сакаме да се воспостават трајни односи со САД. Но, не како изминатите години, тоа не задоволува никого“ - порача неодамна рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Колку и на Американците им се битни добрите и рамноправни односи со Русија ќе се покаже веројатно в петок, на првата средба на Сергеј Лавров со новата ресорна колешка од Америка, Хилари Клинтон.