1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Има ли вина генералот Мирослав Стојановски?

Генералот Стојановски бил дел од југо-армијата во вуковарските настани во 1991 година. Македонската влада ќе чека да заврши истрагата на хрватското обвинителство во наредните триесетина дена - дали македонскиот генерал е виновен и за масакрот врз цивилите во Вуковар.

Македонскиот премиер, Бучковски, патува во Загреб

Македонскиот премиер, Бучковски, патува во Загреб

Премиерот Бучковски утре патува за Загреб каде го очекува комплетното досие за улогата на тогашниот капетан на ЈНА во хрватско-српската пресметка, околу и за Вуковар. Денеска македонскиот премиер, Бучковски, рече:

„Ние имаме многу заеднички работи со Хрватите во изминатиот период, многу работи кои се случуваа и во кризата 1991 година, не оставија каква било трага во одличните релации. Тука пред се мислам на трагичното загинување на македонскиот војник, кој тогаш служеше војска во тогашната југословенска народна армија. Тоа беше војникот Гешовски, понатаму улогата на првиот началник на армијата на Република Македонија, на адмиралот Боцинов, кој по цена да заврши во затворот во тогашната ЈНА не го гранатираше Сплит, завршувајќи со овој случај, кој верувам дека ќе заврши“.

Премиерот Бучковски се обидува да ја смири ситуацијата околу случајот со началникот на Македонскиот генералштаб. Со хрватскиот премиер, Иво Санадер, утре ќе настојуваат да не се заладат меѓудржавните односи, особено поради јадранската триаголничка аспирација на Хрватска, Македонија и Албанија за членство во НАТО. Наспроти премиерот, опозициската ВМРО НАРОДНА ги повтори забелешките против генералот Стојановски, кој, како што се вели, има грев и во Македонија кога пред десетина години беше подготвен со своите специјалци да интервенира и да пука против симпатизерите на ВМРО, кои тогаш се обидуваа со протести да ја одбранат демократијата по изборните фалсификати, 1996 година. „Некој може да го има во раце генералот Стојановски заради вуковарските настани и тој треба да си замине“, реагира ВМРО НАРОДНА: „Во турбулентни времиња Македонија би можела да остане без началник на генералштабот.Тоа би заначело катастрафа за безбедносниот систем на Република Македонија“, вели генералниот секретер на ВМРО НАРОДНА, Андоновски.

За храватското досие на генаралот Стојановски знаел и екс-претседателот Трајковски откако од претседателот Месиќ добил информација пред две години за присуството на актуелниот генерал Стојановски во Вуковар.

Тивко повлекување на началникот на македонската армија сугерира и шефот на ВМРО ДПМНЕ:

„Можеби генерал Стојановски треба да размисли од морален чин да се повлече од сегашната функција, меѓутоа треба да се остави да се види дали навистина има и дали е тоа така како што е кажано“

Груевски се приклонува кон ставот дека за воените злосторства е надлежно хашкото обвинителство. Тој неделава патува на средба со Бошковски и Тарчуловски во Холандија. Во Македонија пак неговата ВМРО ДПМНЕ утре ќе иницира собраниска декларација со која ќе бара Хашкиот трибунал да ги врати во Скопје досиејата за воените злодела и пред македонскоте судови да се пресудува, особено со случајот Љуботен за што се обвинети Бошковски и Тарчуловски.