1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Има квалитет, но проблем е квантитетот

На годинашниот саем за овошје и зеленчук „Фрут Логистика“ во Берлин, македонските производители и трговци се претставуваат под капата на Швајцарската промотивна програма за извоз и СИППО и УСАИД.

default

И покрај последиците од кризата, македонските производители на зеленчук и овошје на „Фрут Логистика“ го претставуваат она што го имаат. На картонски гајби со краставици, домати, пиперки стојат имињата: „Баџо”, „Авто РИА”, „Виви Пром”, „Туран Иван”, „Агролозар”... Тука се и печурките спакувани во кесички на „Антарес” од Кочани. Билјана Стоимировска, која и лани беше на саемот, на прашањето како мина продажбата на шумски плодови и печурки меѓу два саеми, одговара:

„Оваа година имаме намалена работа и нарачки за 20 до 30 проценти во споредба со лани. Едно е што се намалени

Fruit Logistica

Билјана Стоимировска од „Антарес“ од Кочани ја почувствува кризата

порачките количински, а друго е што и клиентите со кои работевме не се присутни. Но, се надвема на подобри времиња.”

Делчо Балтовски, прв човек на „Агролозар” од Струмица, вели дека дополнителен товар за македонските производители на зеленчук и овошје лани било и невремето, односно градот кој го намалил количеството и квалитетот. Првпат е во Берлин и се надева дека овошјето од „Агролозар“ ќе биде стандарден асортиман во одделни супермаркети. Главен производ за германскиот пазар е

Fruit Logistica

Делчо Балтовски од „Агролозар“ очекува лубениците без семки да се најдат во „Едека“

лубеницата без семки бамболино, трпезното грозје од сортата „Викторија” , а „Агролозар” очекува да започне и со пласман на неколку типови праски. Од оваа сезона се планира дистрибуцијата на овошјето да се одвива или преку синџирот „Едека” или преку фирмата „Беарс” која го врши снабдувањето на супермаркетите во Германија и во Скандинавија.

Директни контакти со партнерите

Ваквите саемски манифестации, според македонските претставници, се корисни зашто тоа пред се‘ е шанса да се сретнат редовните партнери со кои веќе се склучени договори.

Ристо Данаилов, менаџер на фирмата „Баџо” од Богданци вели дека ефектот од саемите е позитивен. Се воспоставуваат директни контакти со муштериите од

Fruit Logistica

Раноградинарските производи на „Баџо“ се познати во Европа - Ристо Данаилов

Европа, а најзаинтересирани се оние од Чешка, Романија, Полска, Словенија, Хрватска, некогашниот ЈУ-простор...Од Македонија се бараат раноградинарските производи: доматите, краставиците, зелката, пиперката, кромидот. Цените и производите се конкурентни. Во моментов најголем проблем е квантитетот. Тоа значи дека се‘ уште не може количински да се одговори на побарувањата на партнерите.

На македонскиот штанд го сретнавме и Мартин Гецкек од „Агроалинс” од Полска. Тој веќе има искуство со македонските производи и планира да го продлабочи бизнисот. Минатата година првпат увезол зелка и краставици. Зелката била одлично прифатена, но не и краставиците и покрај тоа што биле од прва класа. Годинава за полскиот пазар планира увоз на поголеми количества зелка и сака да се обиде со зелената пиперка.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска