1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Има и втора Мона Лиза?

Десет години пред да ја наслика познатата „Мона Лиза“, Леонардо да Винчи наводно насликал „слика сестра“. Доказите за такво нешто треба да бидат презентирани денеска (27.09.). Сомневањата се големи.

Наводната претходна верзија на Мона Лиза од Леонардо да Винчи треба да биде презентирана попладнево во Женева. Фондацијата Мона Лиза има намера да презентира нови докази дека десет години пред да настане светски познатата слика, уметникот направил „слика сестра“. Така барем стои во соопштението за медиумите. Сепак, стручната публика е скептична.

„Нема никаква причина да се тврди дека оваа слика е оригинал на Да Винчи“,  изјави еминентниот професор по историја на уметност на Универзитетот Оксфорд, Мартин Кемп, за агенцијата ДПА. Многу детали укажуваат дека ументикот не ги насликал двете слики, тврди Кемп. „Косата, структурата на рацете, штофот на облеката кој се чини проѕирен, атмосферата на пределот се сосема поинакви“, тврди професорот.

Фондацијата Мона Лиза исто така укажува дека има разлики во сликите, но тврди дека ќе презентира историски документи и научни студии кои треба да ја докажат оригиналноста на втората слика. Фондацијата е на мислење дека жената му позирала на Да Винчи и за втор портрет, околу 12 години по првиот.

Мона Лиза на Да Винчи важи за најпозната слика на светот. Таа се наоѓа во париски Лувр и годишно привлекува милиони туристи кои сакаат да го видат портретот на жената со таинствена насмевка.