1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Има закони, нема заштита

Работниците во Македонија не се воопшто или сосема малку се заштитени од повреди на работното место. Законите за заштита од повреди се донесени, но малку или воопшто не се применуваат.

default

Годишно се случуваат стотина повреди на работното место, од кои повеќе од половина завршуваат фатално

Заштитата при работа во Македонија е трошок што работодавачите најрадо би го елиминирале. Во таква ситуација, повредата на работа е многу честа појава која надлежните, барем засега, не успеваат да ја стават под контрола. Бројот на случаи варира, но годишно се случуваат стотина повреди на работното место, од кои повеќе од половина завршуваат фатално. Најпогодени сектори се градежништвото, транспортот, земјоделството. Статистиката многу често бележи рударски несреќи, транспортните работници гинат на патиштата, земјоделците се соочуваат со повреди и смртни случаи предизвикани од машини и алати, се трујат со пестициди или се изложени на штетни хемиски влијанија.

Синдикалците не располагаат со прецизна статистика за бројот на повредени работници. Особено ги загрижува фактот што работниците честопати, поради стравот за

Silmak Jegunovce

Состојбата е полоша во приватниот отколку во јавниот сектор

работното место, ги кријат повредите на работа, наместо да ги пријават. Пеце Ристески од Сојузот на синдикати на Македонија за Дојче Веле изјави:

„Како синдикат не сме задоволни колку работниците се заштитени и безбедни на работното место.“

Законодавството на ЕУ е применето, но само на хартија

Во пракса не се применува Законот за безбедност и здравје на работа од 2007 година. Состојбата е полоша во приватниот отколку во јавниот сектор.

Работодавачите признаваат дека компаниите не вложуваат доволно за безбедноста на работниците. Миле Бошков од Унијата на работодавачи, во изјавата за Дојче Веле објаснува:

„За компаниите тоа е трошок, но ако се направи математика, човечката штета, повредата на работното место, отсуството од работа е уште поголем трошок. Ние работиме на подигање на свеста кај работодавачите за овој проблем“, изјави Бошков.

Ако се следат податоците од медимите, речиси секој втор ден се случува несреќа на работното место. Во 2008 имало вкупно 178 повреди на работното место, од кои 62 завршиле фатално. Во 2009 година црната бројка е нешто помала. Настраделе 80 работници, нема точно податоци колку од овие случаи биле фатални.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска