1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Имате пошта!

На денешен ден (03.08.2009), пред 25 години, на Универзитетот Карлсруе пристигна првата имејл порака и почна интернет ерата во Германија!

default

„Михаел, ова е Вашето официјално добредојде кај СиЕсНет“ гласеше пишуваната порака која стигна по телефонска линија на адреса на информатичарот Вернер Цорн и неговиот соработник Михаел Ротерт на Универзитетот Карлсруе. Аксел Кесел, уредник во стручното списание за компјутери „Си‘ти“ вели: „Првата имејл порака не може да се спореди со она што денес го опишуваме како имејл. Тогаш немаше јасен формат, немаше адреси како што има денеска, а да не зборуваме за имејл програма.“

Пет години претходно, само американските универзитети кои работеа на истражувања за американското министерство за одбрана, беа меѓусебно поврзани преку

Erste Email in Deutschland

Првата имејл порака во Германија

т.н. „АРПАнет“. Но, уште тогаш беа согледани можностите за поврзување со други универзитети за цивилни цели. Со пет милиони долари од Националната фондација за наука, Лери Лендвебер, професор на Катедрата за компјутери на Универзитетот Висконсин, требало да ги поврзе и другите универзитети на СиЕсНет (Компјутер сајенс нетворк). Во јануари 1982 година, седум универзитети и научните лаборатории на Хјулит-Пакард биле приклучени, а во август истата година во мрежата биле уште две десетини учесници.

Две години подоцна, Универзитетот Карлсруе се приклучува на мрежата и со тоа почнува историјата на имејл пораките во Германија: „Тогаш тешко можеше да се предвиди што ќе следува, колкаво е значењето на овој настан. Имаше дури и критичари кои велеа ’сега во Германија имаме БеТеИкс, имаме поштенски сандачиња, не ни‘ е потребно и вакво поврзување’. Но, луѓето на Универзитетот Карлсруе, кои тогаш работеа на проблемот, беа убедени дека тоа е важен чекор, дека е важно да се изгради меѓународна мрежа. “

Се‘ одеше брзо

Многу технички и административни пречки во тоа време му стоеја на патот на брзото ширење на интернетот и на имејл-пораките. Германската пошта, тогаш институција со поголема тежина отколку денес, имаше монопол врз телефонската мрежа. Таа можеше да го прогласи за илегално се` што не беше во согласност со нејзините технички норми.

Но, како што тоа се случува со мрежите - ако се достигне критичната маса на учесници се создава виор кој, пак, создава нови факти: „Потоа одеше брзо чекор по чекор. Во исто време, со имејл-мрежата беше развиен и ДНС-системот, кој управува со имињата на серверите на интернет, како на пример www.123.de, и потоа, веќе во 1986 година, настанаа и првите домени во Германија.“

Автор: Ролф Венкел / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска