1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

„Имаме подобра слика„

Мисијата на Советот за безбедност на Обединетите нации вчера ја заврши посетата на Косово, по што во Виена оствари средба со специјалниот пратеник на светската организација Марти Ахтисари. Посетата беше успешна зашто амбасадорите сега имаат подобар увид во состојбата на теренот, изјави шефот на мисијата, белгискиот амбасадор во Обедиентите нации Јохан Вербеке.

Марти Ахтисари ја прими мисијата на ОН

Марти Ахтисари ја прими мисијата на ОН

Вербеке изјави дека посетата на Косово ќе им помогне во натамошната работа врз донесувањето одлука за идниот статус на Косово:

„Постојат мали разлики меѓу нас, но јас верувам дека тие уште повеќе се намалија, по посетата на Косово. Цел на нашата работа во Њујорк е донесување вистинско решение како одраз на заедничко мислење„.

Конференцијата за новинарите со која мисијата ја заврши посетата на Косово беше одржабна на приштинскиот аеродром, а интересот на домашните и странските новинари голем. Присуствуваа сите членови на мисијата, но на прашањата одговараше само Вербеке. Тој потсети дека посетата е оставерна по иницијатива на рускиот амбасадор Витали Чуркин и изрази задоволство што дојде до нејзиното остварување. Според неговите зборови, по разговорите водени во Белград и Приштина, и обиколката на одделни средини во покраината, амбасадорите имаат подобра слика за ситуацијата на теренот:

„Имаме подобра слика, но не можеме веднаш да носиме заклучоци„ рече Вербеке и дополни дека не постојат временски ограничувања за донесувањето конечна одлука за статусот на покраината. Вербеке рече дека за време на посетата амбасадорите виделе дека на Косово постои доволен потенцијал за обострана доверба и соработка за изградба на мултиетничко општество што е и цел на меѓународната заедница. Според белгискиот амбасадор, сепак расправата за конечниот статус на Косово како основа ќе го има планот на специјалниот пратеник на Обединетите нации Марти Ахтисари во формата во која пред Совтот за безбедност го претстави генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун.

„Ќе почнеме од тоа, па ќе видиме каде ќе не одведе дебатата„, оцени белгискиот амбасадор.