1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Имаме голем потенцијал

Интервју со потпретседателот на македонската влада одговорен за економскиот сектор,Зоран Стевревски

-Господине Ставревски,фокусот на посетата на Германија беше и на економијата и на странските директни инвестиции.Дали и како Германија конкретно ќе придонесе во оваа сфера,за заживување на економијата во Македонија?

„Прво би се вратил еден чекор наназад,за да заживее економијата потребно е претходно да постои политичка стабилност и Греманија со самата голема поддршка што ни ја дава и која што беше ветено дека ќе ни ја дава и во иднина,обезбедува инвеститорите врз Македонија да гледаат со многу поголема сериозност.Тао епрвиот чекор,вториот се конкретни стопански инвестиции што можат потенцијално да бидат реализирани во наредниот период,ние имавме конкретни разговори со неколку компании,меѓу другото разговаравме и со Сименс за можноста за реализација на проектот кој беше претходно започнат и следната недела ќе ги продолжиме тие разговори во Скопје со цел да конкретизираме во кои области и на кој начин Сименс би можел да инвестира во Македонија.Разговаравме и со некои други компании од областа на градежната индустрија,од областа на воената индустрија,меѓутоа инвестирањето е процес кој бара подолго време додека да се реализира,значи наше е да им ги објасниме можностите во Македонија,во кои сегменти владата ќе направи подобра бизнис клима за инвеститорите,а комерцијаланта одлука е нивна кога и дали ќе се решат да инвестираат.“

-На форумот во Германската трговска и стопанска комора германските стопанственици имаа забелешки за инвестиционата клима во Македонија.Што ќе нпарви владата да направи тој амбиент да биде попривлечен за странците?

„Забелешките се истите кои и ние ги знаеме и на кои всушност се базира и програмата на владата со цел да ги поправи тие недостатоци и забелешки во бизнис климата.Тука има институционални недостатоци кои треба да се поправат во поглед на обезбедување на транспарентност на јавните институции,на владата кога работи со инвеститорите,второ е регулаторната реформа,каде ќе се елиминираат бројните регулативи,лиценци кои сега го оптоваруваат бизнисот, забрзување на регистрацијата на компаниите и други регулативни мерки.Исто така имаме мерки и во областа на даноците,каде се создаваат многу стимулативни услови со воведување на најниски даноци во Европа,има мерки во олеснување на царинските процедури,мерки во сферата на судството,каде што се потребни значајни реформи, за да се подобри амбиентот,инвеститорите да можат да имаат соодветна заштита и сите кредитори да имаат заштита на нивните права и мерки за промоција на инвестициите,како што беше таа посета на Комората каде ние ги презентиравме инвестиционите можности,а во иднина ние уште повеќе,уште поагресивно и поамбициозно ќе пристапиме кон такви презентации за можностите на Македонија,мора да бидете прецизен и на инвеститорите да и објасните зошто тие би вложиле во Македонија, не во некоја друга земја.Нашиот појдовен главен аргумент е дека Македонија се наоѓа во една така да кажам убава точка во развојот,од една страна е блиску до ЕУ,значи обезбедува предвидливост за инвеститорите од аспкет на регулатива, од аспект на хармонизација на таа регулатива со европските директиви,стабилност на макроекономската состојба ,а од друга страна сеуште не е во ЕУ што значи има можност за одредени даночни и други стимулации кои подоцна кога ќе станете член на ЕУ нема да ги имате.Исто така имаме евтина работна сила во споредба со земјите што сега станаа членки на ЕУ.“

-Како пример кои сфери би биле интересни за странските инвеститори?

„Сметам дека тоа е избор на самите инвеститори,ги објаснивме можностите што се нудат почнувајќи од инфраструктурата,односно енергетскиот сектор,телекомуникациите,кажавме дека сакаме да воведеме трет мобилен оператор,втор фиксен;во сверата на аеродромите,во сверата на патиштата,коридорите 8 и 10,сите можни инвестиции во текстилната индустрија,во индустријата за кожа или било каде на друго место каде Македонија може да им обезбеди профитабилно работење на инвеститорите.Се разбира,за инвестициите во агробизнисот,во производството и преработката на храна,во сверата на информатичката технологија ние сме посебно заинтереисрани и тука посветуваме многу поголемо внимание.

-Земјоделците први добија помала даночна стапка,премиерот најави намалување на данокот за останатите на 10 проценти.Што ќе значи ова конкретно?

„Значи конкретно најниски даноци во Европа,тоа ќе биде нашето лого со кое ќе ја рекламираме Македонија и тоа значи многу,да бидеш во состојба да понудиш најниски даноци во Европа.Очекуваме тоа да наиде на добар прием.Уште на разговорите што ги имавме во покраината Баден Виртемберг,најбогата во Германија,беше оценето тоа дека е многу атрактивно.Очекуваме многу инвеститори и од соседна Грција,токму поради овој аспект,зашто стапките таму се многу повисоки,а и цената на работна сила е повисока,така да оние погранични делови од Македонија можат многу да имаат корист од намалувањето на даноците.Но тоа не е единствената мерка.Ние размислуваме ако успееме да обезбедиме заштеди на расходната страна,да понудиме и намалување на придонесите кои се значајни за трудоинтензивните дејности,како што е текстилната индустрија“

-Бирократските бариери во основањето на претпријатијата за сите оние кои сакаат да инвестираат се еден од главните проблеми.Колку трае регистрирањето на едно претпројатие и као може да се врати довербата на инвеститорите?

„Регистрирањето на претпријатијата со измените што беа направени на почетокот на оваа година состојбите се доста добри,претпријатието брзо се регистрира,за околу пет дена.Ова подразбира дека сите документи се обезбедуваат преку т.н уан стоп шоп систем,значи едношалтерски систем за потребите на регистрација на фирми и сега тоа оди брзо.Сметаме дека има сепак простор за подобрување,тоа ќе го направиме во следните месеци.Планираме уште повеќе да го подобриме овој сегмент,да ја забрзаме процедурата,да го сведеме најмногу сето на три дена.Има и други сегменти:планираме професионализацијата на агенциајта Инввест Македонија која ќе биде задолжена за привлекување на инвестиции,во тој поглед таа треба да обезбеди комплетен сервис за инвеститорите од аспект на истражување на пазарот,помош за идентификација на земјиште,во тој дел е потребно подобрување на регистерот на земјиште,и се што е потребно до моментот на реализација на самата инвестиција.Инвеститорот да биде воден од почеток до крај на тој процес.“

-Што треба да направи еден потенцијален инвеститор од Германија,кој сака да отвори мала фирма.Што се е потребно?

„Има разни дозволи кои треба да се обезбедат,од аспект на тоа дека се работи за чисти пари,дека се работи за инвеститор кој има сериозни намери во поглед на инвестицијата во Македонија,евентуални дозволи за градење доколку сака да гради.Сето тоа на извесен начин ќе го забрзаме за инвеститорот да изгуби што е можно помалку време во процсот додека ја отвори фирмата.Истовремено ќе ја намалиме и цената што се плаќа за регистрација,одењето од шалтер до шалтер,што значи губење време и пари.“

-Каква е политиката на владата во областа на банкарскиот систем?

„ Банкарскиот систем е како крвоток на економијата и ние би сакале во банкарскиот сектор да ја зајакнеме конкуренцијата,сметаме дека постои од една страна простор за окрупнување на банкарскиот систем,преку здружување на помалите банки или аквизиција на помали банки од страна на поголеми банки,било домашни било странски,и второ влез на неколку топ имиња од банкарската свера во Македонија,и тука веќе има интерес од две многу познати француски банки и очекуваме во наредните неколку месеци ова да се материјализира.“

-Како експерт на Светската банка,кој е рецептот што можете да го понудите за иднианта на Македонија и стопанскиот развој?

„Многу работа,тоа е главната состојка во рецептот,и би рекол умешно решавање на проблемите еден по еден на микро ниво,нема волшебни стапчиња што одеднаш ќе ја променат состојбата.Исто така не се работи за едне човек,мора да работи огромен тим со многу енергија и на многу полиња за работите да можат да с епроменат.Истовремено потребна е и наклоноста на јавноста за она што го правите,визија да се променат работите и политичка цврста волја дека работите ќе се променат.Тие се најважните работи. Македонија е релативно мала земја и релативно лесна за менаџирање,со два милиони луѓе и нејзината економија,многу поедноставна отколку големите земји или федерации.Со реформите што се предвидени,со многу работа, мислам дека Македонија може многу успешно да работи,има голем потенцијал.