1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Имаат ли Американците протекции на Косово?

Американски екс-дипломати се заинтересирани за вложувања на Косово. За нив, како што се тврди, важат исти правила. Економисти сметаат дека политичко влијание при тендерите може да се толерира ако е во национален интерес.

default

Во најтесниот избор за продажба на 75 проценти од акциите на фиксната и мобилна телефонија на Косово влезе и компанијата „Олбрајт груп“, на чие чело е поранешната американска министерка за надворешни работи Медлин Олбрајт. По тој повод, дел од медиумите на Косово, во последните денови пишуваат дека косовските власти им доделуваат на Американците и на други земји, пријатели на Косово, работа и проекти без тендер и по скратена процедура.

Косовскиот министер за економски развој Бесим Беќај за ДВ вели дека тоа што

Madeleine K. Albright Außenministerin a.D. in Berlin

Компанијата на Медлин Олбрајт е заинтересирана на фиксната и мобилна телефонија на Косово

Медлин Олбрајт е пријател на Косово не значи дека нема да се почитуваат законските процедури:

„Процесот на тендер е процес на конкурентност. Задоволни сме што тие се во конкуренција и сигурно дека во нивни раце е дали ќе добијат или не. Тоа зависи од тоа колку се исполнети техничките и финансиските услови, зашто на крајот од краиштата и Медлин Олбрајт и сите наши европски пријатели се обидуваа и работат заедно со нас за да создадеме држава кадешто владеат закони“.

Во игра се многу земји

Според зборовите на Беќај, се‘ повеќе земји, не само САД, се заинтересирани за вложување на Косово, затоа што преку косовскиот пазар влегуваат во регионот.

„Многу ни е драго што имаме, да речеме, американско-турски конзорциум кој работи на нашиот автопат кон Албанија и што во иднина се поврзуваме со Србија. Имаме мнгоу добра комбинација на аеродромот во Приштина. Тоа е француска и турска комбинација. Неодамна имавме инвестиции во енергетиката, на изградбата на хидроцентрала во Дечани. Турција влегува и во делот на дистрибуција на струја. Тоа се големи инвестиции кои доаѓаат“, нагласува министерот за економски развој.

General Wesley Clark Stars Earn Stripes

Весли Кларк, пензиониран американски генерал

Министерот Беќај подвлекува дека има голем интерес и за косовското рудно богатство и дека не се работи само за компанијата на пензионираниот американски генерал Весли Кларк, туку дека се заинтересирани и други американски компании, како и канадски, грчки, турски и британски фирми.

Претседателот на стопанската комора на САД на Косово, Ариан Зека, оценува дека американските компании не се доволно присутни на Косово затоа што најчесто не им одговараат условите на косовскиот пазар.

„Има многу малку реални инвестиции, иако интересот е на завидно ниво. Оној момент кога ќе дојдат, тие гледаат што реално нуди Косово. Освен добри закони, во праксата има уште многу нешто што треба да се направи од страна на домашните институции за да се привлечат инвестиции“, вели Зека.

Тој додава дека затоа интересирањето од страна на големи компании, поврзани со имињата на Олбрајт или Кларк, е од голема важност, зашто тие можат да им пренесат и на останатите американски фирми дека Косово нуди добри услови за работа.

Критика од страна на невладината организација за борба против корупцијата

Љорик Бајрами, истражувач на невладината организација за демократија и антикорупција „Ќоху“ вели дека доделувањето на јавни тендери на Косово е следено од многу корупција и фаворизирање на одредени приватни компании, од што не се исклучени ниту фирми од САД.

Kosovo Bildgalerie 10

Трепча

„Ние како организација не сметаме дека само Америка има предност, но сметаме дека предност имаат компаниите поврзани со политичари или одредени политички партии, или со луѓе кои имаат политичко влијание. Во тој контекст не се исклучени ниту американските компании“, вели Бајрами.

Директорот на приштинскиот Институт за развојни истражувања „Риинвест“, Љумир Абдиџику, меѓутоа, не гледа ништо лошо во тоа на тендерите за приватизација да има и политичко влијание, доколку е тоа во национален интерес:

„Често при трансферот на сопствеништво не е најважна цената. Некогаш може да загубите на цената, но да добиете многу преку имиџот на инвеститорот и неговата долгорочна стабилност. Ние досега нашите богатства им ги дававме најмногу на турски фирми и тоа не е феномен што се случува само на Косово, туку и во регионот“, истакнува Абдиџику. Тој нагласува дека за земјите на Балканот е важно освен Турција, да се привлечат и европски и американски инвеститори.