1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Илјадници Јапонци евакуирани поради невреме

Поради поплавите и лизгање на земјиштето во јужниот дел на Јапонија властите наредија масовна евакуација: околу 400 илјади луѓе од областите зафатени со невремето се префрлуваат на побезбедно место.

Јапонските власти наредија евакуација на околу 400.000 луѓе во јужниот дел на земјата поради бурата и невремето кои трае веќе три денови, при што загинаа 29 лица.

Луѓето мора да ги напуштат своите домови од северниот дел на островот Кјушу, каде се излија реките, а метеоролозите предупредуваат на опасност од нови лизгања на земјиштето и поплави поради обилните дождови.

Жителите од загрозените области треба да се преселат во засолништата направени во училиштата и другите јавни објекти.

Најголем број на луѓе настрадаа во градот Асо на островот Кјушу. Засега девет луѓе се водат како исчезнати. 

ЖА/дв/миа