1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Илјадници критичари на Вол стрит протестираа во Њујорк

Илјадници луѓе во Њујорк повторно протестираа против моќта на банките во САД. Тие, меѓу другото, бараат поголеми даноци за концерните и за богатите во земјата.

default

Кон активистите, кои се организираат главно преку интернет, се приклучија и синдикати и различни здруженија. Демонстранти со слогани на синдикатите на своите маици предвреме ги напуштија работните места и им с еприклучија на активистите кои веќе беа излезени на протести. „Овде сме за да ја запреме алчноста на концерните“, изјави механичарот Мајк Пелегрино, додавајќи: „Треба да плаќаат соодветен дел данок“. Според полициски наводи, во текот на вечерта биле уапсени 17 луѓе, главно поради нарушување на јавниот ред и мир.

Протестите под мотото „Окупирај го Вол стрит“ почнаа на 17 септември, кога демонстранти имаа намера да постават шатори пред Њујоршката берза. Во меѓувреме, ним им се приклучија стотици луѓе. Мали групи критичари на Вол стрит во текот на изминатите денови се формираа и во Лос Анџелес, Бостон, Чикаго и други градови.

Автор: ЕМФ/дв/дапд

Редактор: С. Недевски