1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Илјадници Израелци на протести за социјална правда

Стотици илјади луѓе излегоа вчера на улиците на Израел на протести против социјалната нееднаквост и високите животни трошоци во земјата.

default

Демонстрации со илјадници учесници се одржаа во неколку поголеми израелски градови, меѓу кои во Тел Авив и Ерусалим. Само во Тел Авив според проценките на демонстрациите на улиците излегле околу 300 илјади луѓе. Сепак, не беше постигната бројката од еден милион демонстранти која претходно ја најавија организаторите на протестите. Во средиштето на барањата на незадоволните луѓе се намалувањето на даноците, обезбедување поголем број станови и пониски кирии, како и подобри шанси за образобание. Вчерашните протести беа кулминација на народното незадоволство од политиката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој во меѓувреме по бранот незадоволство и протести кој трае веќе осум недели, најави спроведување реформи и формираше Комисија која треба да ја преиспита економската политика и да предложи мерки во корист на граѓаните.

Автор: ЖА/СН/дв

Редактор: Симе Недевски