1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Илјадници демонстранти против големите рации на полицијата

Повеќе од 5.000 лица во повеќе германски градови демонстрираат против големата рација на полицијата кај противниците на Г8 самитот. На демонстрациите во Хамбург дојде до судири. Другите демонстрации пред се во Берлин и Келн поминаа мирно. Предходно бебзебдносните сили извршија претрес во голем број канцеларии и станови на луѓе од сцената на левите автономи и на противниците на Г8. Според јавното обвинителство 21 лице се под сомнение дека формирале терористичко здружение за со насилнички акти да го попречуваат оддржувањето на самитот на Г8 во Хајлигендам. Претседателот на синдикатот на полицијата предупреди од значително зголемена опасност од напади пред самитот на Г8 во јуни.