1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Илјадници Американци бараа правда за Трејвон Мартин

Една недела по ослободителната пресуда во процесот за застреланиот Трејвон Мартин се одржаа протести во повеќе од 100 градови во САД. На демонстрациите се бараше затворска казна за сторителот.

Од Мајами на Флорида (на насловната фотографија) преку Њујорк и Чикаго, па се' до Лос Анџелес во Калифорнија во саботата на демонстрации излегоа голем број луѓе барајќи „праведност за Трејвон“. На манифестациите во повеќе од 100 градови повика движењето (National Action Network - NAN) под раководство на црковниот поборник за граѓанските права Ал Шерптон. Некои демонстрации меѓутоа беа помали од очекуваното и на нив учествуваа повеќе стотици граѓани, како што покажуваат телевизиските снимки.

„Денес тоа беше мојот син, утре би можел да биде вашиот“

Мајката на тинејџерот убиен во февруари 2012 година, Сибрина Фултон и брат му учествуваа на протестите во Њујорк. 

Трејвон имаше секакво право да се движи таму каде што беше застрелан, рече Сибрина Фултон на манифестацијата на која дојдоа и пејачката Бијонсе и раперот Џеј Зи. „Тоа се факти на кои мораме да опстојуваме, оти денес тоа беше мојот сон, утре би можел да биде вашиот“. Татко му на Трејвон, Трејси Мартин демонстрираше во Мајами. Во Санфорд (Флорида), градот каде беше застрелан Трејвон повеќе стотици луѓе маршираа низ улиците - во рацете носеа постер со портрет на убиениот.

George Zimmerman im Prozess um Tod von Trayvon Martin freigesprochen

Џорџ Зимерман доби ослободителна пресуда

Тогаш 17 годишниот Трејвон бил во продавница, кога на улица беше зaстрелан од Џорџ Зимерман, член на т.н. „граѓанска самоодбрана“. Зимерман процесот го доби поради тврдењето дека стрелал во самоодбрана. Вчерашната протестна акција на организациите на Афроамериканците имаше за цел сторителот повторно да биде изведен пред суд, овојпат поради повреда на граѓанските права на Трејвон.

Во петокот за случајот се огласи и американскиот претседател Барак Обама. Во емоционален говор Обама опомена на предрасудите против црните во САД и „расистичка нерамноправност“ во казненото право на САД, но одбегна директно да ја критикува ослободителната пресуда.

Во еден дел од обраќањето, Обама направи паралели меѓу Трејвон Мартин и неговото сопствено искуство во младите години. „Тоа би можел да бидам и јас пред 35 години“, рече првиот афроамерикански претседател  на САД.