1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Илјада години производство на вино

Во најсеверниот винарски крај на Германија, во регионот Зале-Унштрут, се произведуваат вина со многу интензивни вкусови. Оттука потекнува и пенливото вино „Роткепхен“, кое било омилено и во поранешната источна Германија.

default

Винска визба

Таму каде што реката Зале во голем лак тече околу бискупскиот град Наумбург, каде во неа се влева Унштрут и тече понатаму кон Елба, тука се наоѓа винарскиот регион Зале-Унштрут. Тоа е зелена идила, на прастарите стрмни тераси со винарски куќички, ливади со раштркани овошки, пасишта и раскошни речни долини.

Weingut Van Volxem

Погодна почва - богат род

Крајоликот помеѓу градовите Гера и Ајзенах, меѓу шумскиот предел Тириншка шума и планинската верига Харц е едно од најстарите германски винарски подрачја. Тука, северно од 51-от степен географска широчина, веќе подолго од 1000 години се одгледува лоза и се произведува вино.

Макотрпна работа на стрмните полиња

Меѓутоа приносите се прилично различни поради континенталната клима со многу ниски температури. Со просечни 50 хектолитри по хектар едвај се достигнува една третина од количината која на пример се произведува во подрачјето на Пфалц. Отежнатите услови на стрмните падини се причина за екстремно високите цени на вината од регионот Зале-Унштрут.

Најголеми производители се таканаречените винари на месечина или во слободно време, кои своите виногради ги обработуваат само попатно.

Најзначајните градови Наумбург и Фрејбург

Порано виноградите се простирале се` до градот Јена во Тирингија. Денес тука повторно расте винова лоза кај гратчето Бад Сулцa на реката Илм, подрачје кое се смета за дел од винарскиот регион Зале-Унштрут. И виноградите по долината на реката Вајсе Елстер кај гратчето Цајц спаѓаат во тој регион, како и раштрканите виноградски островчиња кај гратчето Вердер крај Потсдам, кај општината Вестерхаузен во близина на гратчето Кведлинбург, како и кај општината Зебург покрај Слаткото Езеро.

Во местото Цапендорф источно од Зебург се наоѓа некогашниот виноград на семејството на композиторот Георг Фридрих Хендл. Но најзначајни градови со виногради се Наумбург и Фрејбург. Околу 520 членови на тамошната Здружени на винари обработуваат повеќе од половината од вкупната површина виногради.

Вина со интензивна нота

Winzerstädtchen Freyburg

Фрејбург

Во регионот се садат вкупно над 40 различни сорти винова лоза. Од класичните видови лоза од Зале-Унштрут се произведуваат белото вино „Силванер“ како и црното вино „Португизер“. Лозата на доцниот Бургундец и Ризлинг во поголеми количини се одгледуваат дури од 1935 година, но никогаш не биле од големо значење кога станува збор за количество или површина. Винарите моментално имаат најголем успех со Бургундец. Лозите „Бургундец бел“ и „Бургундец сив“ се сорти прилагодени на овие почвени услови и поради тоа имаат богат род за интензивни вина.

Слатко заведување

Во 1835 година започнало производството на пенливи вина. Кога во 1856 година пенливите вина влегле

Produktion von Rotkäppchen-Sekt in Eltville

Производство на „Роткепхен“

во мода, во Фрејбург е отворена визба за производство на пенливото вино „Роткепхен“, кое се произведувало од домашните сорти на грозје. Од 1947 година акционерското претпријатие Роткепхен го произведувало еден од најслатките неодоливи напитоци на истокот. Во 1989 година достигната е продажба на 15 милиони шишиња годишно. По обединувањето на Германија, продажбата најпрво драматично опаднала. Но набргу претпријатието повторно успешно се интегрирало во брендот „Мумм“, „ММ екстра“ како и во „Гелдерман“, и денес има учество на пазарот од 34 отсто или 111 милиони шишиња.

Архитектонски бисер меѓу визбите за пенливи вина е „Лихтхоф“, визба стара сто години која денес се користи како концертна бина. Посетителите под земја ги привлекува петокатниот подрумски комплекс како и раскошната визба „Домкелер“ со најголемото изрезбано буре во Германија, за подготовка на пенливо вино, кое собира 120 000 литри вино.