1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Илузија и стварност

Олимписките игри завршија. Кина се презентираше како модерна земја. Но, дали Олимпијадата помогна за повеќе демократија во земјата?

default

Националниот стадион во Пекинг

Тоа беше перфектна презентација на можностите. Она што го очекуваше Меѓународниот олимписки комитет. Кина во Пекинг ги покажа своите силни страни: способноста на авторитарната влада да ги мобилизира луѓето и ресурсите за централните проекти, способноста, доколку е потребно, и со недели да го ограничи сообраќајот и да ги запре фрабриките за квалитетот на воздухот да може да ги исполни барем половично неодпходните стандарди. За жал, Пекинг ги покажа и своите способности за спречување протести, за блокирање дисиденти, за спречување новинари.

Ова беа „како-да“ игри

29-тите Летни олимписки игри во Пекинг во историјата веројатно ќе влезат како „како-да“ игри. Меѓународниот олимписки комитет се однесуваше како доделувањето на игрите да може да го поврзе со курс по демократија. Кинеската влада се однесуваше така како да ќе дозволи поголема слобода на говор поради игрите. Организаторите на Олимпијадата се правеа како да ќе дозволат демонстрации, иако не беше дадена дозвола за ниту еден протест, а поднесувачите на барањата завршуваа в затвор. На отворањето на игрите едно убавко девојченце се правеше како да пее, додека гласот доаѓаше од лента и му припаѓаше на друго девојче. Малите Кинесчиња се правеа како да се дел од 55-те малцинства во Кина, но тие беа Кинези облечени само во различни костуми. Атлетите се правеа како од сопствени сили да уриваат еден по друг рекорд, а германските јавачи ги допингувале дури и сопствените коњи. МОК, организаторите, спонзорите и медиумите заедно се однасуваа како игрите да се „славје на младоста на светот“, но со игрите долго време управува комерцијалното. Светот се однесуваше како да има олимписки мир, а токму на отворањето на игрите Грузија почна со пукање во Јужна Осетија.

Успех и пораз

За кинеската влада Олимписките игри сепак се успех. Можеби не толку нанадвор како што се очекуваше, но затоа навнатре. Дождот од медали, отворањето на игрите на кое беа присутни повеќе шефови на влади од кога и да е досега, организаторски перфектниот тек на натпреварите - се‘ тоа беше пренесувано во кинеските дбневни соби. Тоа ја јакне нациналната самосвест и се создава скапоцен капитал за легитимирање на владеењето на една партија која идеолошки е потрошена.

Губитник е МОК. Премногу наивно веруваше дека демократизацијата што игрите во 1988 година ја донесоа во Сеул, сега ќе се реализира и во Пекинг. Јужна Кореја е мала земја, која безбедносно-политички е зависна од САД. Кина е огромна земја која функционира според сопствените закони.

Честичка надеж, сепак, останува. Под меѓународен притисок беше олабавена интернет-цензурата. Не укината, но олабавена како никогаш досега. Ова олабавување во наредните години би можело да се прошири и врз други сфери на општеството.