1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ИЛО загрижен за состојбите на пазарите на трудот

Состојбата на пазарите на трудот во поголемиот број земји во светот според Меѓународната организација за труд, ИЛО, е алармирачка.

Пакетите со мерки за штедење и строгите реформи на пазарот на труд не доведоа до отворање нови работни места, соопшти специјалната организација на ОН во годишниот извештај објавен во Женева. Во индустриските држави и пред се‘ во Европа нивото на вработувањето до пред крајот на 2016-та година нема да ја стигне стапката од 2008-ма година. Неопходни се целни инвестиции заради отворање нови работни места.

ИЛО од Германија бара зголемување на реалните плати и квалитативно подобри услови на вработување. Во извештајот се криткува практиката на кратки работни договори. Секој четврти вработен во Германија има работа со скратено работно време, мини-вработување или работа на одредено време. Но, според ИЛО, Германија покрај Австрија е една од ретките држави која од 2007-ма година наваму бележи зголемување на стапката на вработеност.