1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Илинден 2009 како пресвртница во односите меѓу МПЦ и СПЦ?

Искрено гостопримство за соседите или данајски подарок за нова пресметка со спротиставената страна? Може ли Илинден 2009 да биде пресвртница во односите меѓу Македонската и Српската православна црква?

default

Српската православна црква со отворањето на манастирот Прохор Пчињски ги изненади и ги подели црковните кругови во Скопје. Аналитичарите се внимателни во оценките. Спласна првичната еуфорија и во Светиот архиерејски синод. Отворањето на Прохор Пчињски за прослава на АСНОМ на местото на настанот се случува по пет годишна пауза. На овој гест му претходеше премиерската посета на Белград, но, СПЦ категорично негира дека таму лежи клучот за отворање на манастирските порти.

„Во прв ред, не е вистина дека висока државна делегација од Скопје доаѓа врз основа на договор со државните власти на Србија. Таа доаѓа само и исклучиво врз основа на решението, на добрата волја и љубов на Српската православна црква“, напиша владиката Иринеј на официјалната интернет страница на Српската црква.

Ваков степен на конструктивност и гостопримство од страна на српските владици е нереален.

Скептицизам и позитивно ехо

Das Kloster Prohor Pcinjski

Прохор Пчињски

Овој потег е само промена на тактиката, а не подготвеност за отстапки, е ставот на едно крило во Светиот архиерејски синод на МПЦ. За разлика од скептицизмот кај дел од владиците, портпаролот владиката Тимотеј за Дојче веле изјави дека станува збор за очекуван гест на добра воља што треба да се искористи. „Најнормален гест меѓу две држави, меѓу два најблиски народа кои во историјата никогаш освен црковно прашање немаат ништо отворено или нерешено“, изјави за нашата програма владиката Тимотеј.

Гест на добра волја

Социологот на религија Татјана Стојановска проблемот го набљудува од религиски, но и од политички аспект. Bели многу бргу ќе се види дали потегот на СПЦ е искрен. „Ова би го протолкувала како гест на добра волја, како затоплување на односите иако искрено на почетокот гледав неутрално и со доза на резерва, бидејќи одреден период СПЦ постојано го потенцираше ставот дека за неа единствена официјална црква во Македонија е ПОА на Јован Вранишковски, “ изјави за Дојче веле професорката Стојановска.

Неофицијално двете црвки почнаа нова рунда преговори за надминување на спорот. Во неговата суштина е статусот на Македонската црква. МПЦ бара афтокефалност, СПЦ нуди автономија, помал степен на самостојност од афтокефалност. Разликите ги продлабочува блискоста на Српската со Грчката црква, која пак исто како и државната политика на јужниот сосед го негира името на Македонската православна црква.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM