1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Илинден ја покажа решеноста за своја држава

Една од досега непознатите, но во голема мера веќе расветлена страница на илинденскиот период од македонската историја, е револуционерната активност во Тетовско, пред и по востанието.

default

По личната наредба што ја добил од Гоце Делчев, штипскиот учител во Тетово Христо Червенелеков во 1895 година го формирал месниот комитет на револуционерната организација.

Историчарот-архивист од Тетово Бранислав Светозаревиќ во своите истражувања открил обемна граѓа со многу непознати факти. Повеќе од 200 лица од тетовскиот регион, меѓу нив и вратени печалбари, се вклучиле во оружените востанички борби ширум Македонија како комити, или војводи - раководители на чети.

„Вонреден придонес на Тетово и тетовско за револуционерното движење“

Светозаревиќ изнесува: „По формирањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, веќе по две години и во Тетово се создава нејзин комитет. Само за два месеца тој ја достигнал бројката од околу 50 членови и ја проширил својата мрежа и по селата. Бројот на членовите на градскиот комитет во Тетово во следните години до Илинденското востание и по него бил мошне голем.

Светозаревиќ дополнува: „Тетово беше на некој начин запоставено од историската наука во Македонија. Моите истражувања покажаа дека токму тука Македонската револуционерна организација развила

Tetovo,eine Stadt in Mazedonien,Panorama

Тетово беше можеби еден од најголемите центри за илегално производство на оружје, вели професор Миновски

голема мрежа со повеќе сегменти на својата активност, кои имале мошне големо значење за севкупната револуционерна борба во Македонија. Иако Тетово и тетовско не зеле активно учество во востанието, според одлуката на самата револуционерна организација, сепак, тетовци се вклучиле во борбите секаде каде што ги имало: во Крушевско, Воденско, Кратовско ... “

Пензионираниот универзитетски професор по историја Михајло Миновски вели дека тетовскиот крај дал вонреден придонес за револуционерното движење и илинденската епопеја и истакнува: „Тетово беше можеби еден од најголемите центри за илегално производство на оружје.“

Покрај реката Пена и на други локации во Тетово во 1903 година имало дури 40 работилници за оружје и 120 мајстори, кои изработувале пушки „мартинки“ и поретко „берданки“, како и куршуми, за нарачатели ширум Османлиската империја, но, отворено и за потребите на востаничките чети. Во помала мера се лееле и бомби. Едно од местата кадешто се лееле куршумите била гајтанџилницата на тетовецот Моне Настов, покрај реката, во подземни простории, добро прикриени од очите на власта. Според сведочењата на илинденецот од Тетово

Branislav Svetozarevic

Бранислав Светозаревиќ во своите истражувања открил обемна граѓа со многу непознати факти

Сане Ристовски - Гуле, втора работилница каде што се произведувале бомби и куршуми се валавниците на семејството Чајковци.

Неделно се изработувале најмногу 50 пушки. Во градот Тетово имало 40 дуќани што продавале пушки 'мартинки'. Некои од сопствениците на овие дуќани, како што биле Турците Рушид Гуда, Љутфи Алид и други, им продавале пушки на лица од организацијата ВМРО, иако знаеле за што и против кого тие ќе бидат употребени. Османлиските власти биле свесни дека најголемиот дел од вооружувањето на македонските револуционерни чети се наоѓа во Тетово. Токму затоа на 7 - ми април 1903 година било издадено соопштение на царската канцеларија, со кое се забранувало производство на пушки во Тетово и Гостивар. Меѓутоа, и покрај забраната, производството продолжило илегално.

„Потребни се критички преоценувања на настаните и улогата на личностите од Илинденскиот период“

Ванчо Ѓорѓиев од катедрата за историја на Филозофскиот факултет на Државниот универзитет во Скопје укажува на потребата за нови анализи и синтези на новооткриените историски факти, за постојани критички преоценувања на настаните од илинденскиот период. Тој и‘ придава особена важност на концепцијата што ја имал Ѓорче Петров околу кревањето и водењето на Илинденското востание: „Ѓорче Петров и‘ припаѓа на онаа група истакнати дејци на македонското движење, кои сметаат дека во 1903 гоедина востанието треба да има поинаков тек: тој се залага за едно постојано востание. Тоа е концепција и теза, кои тој ги развива уште на советувањето во Софија, кон крајот на декември и во почетокот на јануари. Што значи: без да се објави општонародно и масовно востание, состојбата во Македонија

Waffe Ilinden-Aufstand

Пушка „берданка“, направена во тетовско

да се доведе до состојба на востание, за да изгледа состојбата неподнослива за населението низ царството, за Османлиската империја, така што, таа не ќе може отворено да каже дека има востание, за да се впушти потоа во жестока пресметка со востаниците. А од друга страна, Османлиската империја не ќе може никогаш да воспостави ред и мир на својата територија и на тој начин ќе се предизвика интервенција на големите сили.“

Ѓорѓиев дополнува: „Но, во пракса кога ќе тргнат работите кон востаничко движење, тогаш тешко дека ќе може да се воспостави контрола и ред на се она што ќе се случува. И без да се прогласува востание постоела предвостаничка состојба во Македонија. Откако избувнало Илинденското востание, иако имало критички став, Ѓорче Петров ја напуштил Софија и со една чета дошол во Македонија, во прилепско-мариовскиот регион. Дури по прогласувањето на крајот на востанието тој покажал еден од своите концепти во битката кај ’Чаниште’, во мариовско, каде што постигнал голема победа - дека и по востанието можат да се одржуваат тензии во Македонија .“

„Илинденското востание не е пораз на револуционерната борба, туку почеток на победата за ослободување и создавање држава“

Миновски посочува: „Ќе бидат потребни некои можеби малку поинакви преоценувања на улогата на одредени личности, како и на текот на настаните, посебно од аспект на состојбите во Македонија и улогата на меѓународниот фактор.“

Професорот Миновски заклучува: „Не би можело да се гледа на Илинденското востание како на пораз на борбата на македонскиот народ. Напротив, во онаа далекусежно сфатена смисла тоа востание претставува навистина победа. Победа во онаа смисла што македонскиот народ со Илинденското востание покажа и докажа на себеси и на соседните народи решеност да се бори и да се избори до крајот за своето ослободување и за својата држава. Тука се покажаа историската свест и државотворноста, способноста на овој мал народ да создаде своја држава. Со тоа востание тој се нареди меѓу другите слободољубиви народи. Според тоа, Илиденското востание го означи почетокот на конечната победа на македонскиот народ во борбата за создавање своја држава.“

Експертите заклучуваат дека периодот пред Илинденското востание и периодите пред и по него, ќе останат значаен предизвик за следните генерации историчари, кои ќе ја имаат обврската да трагаат низ архивите на соседните и други држави во светот, кадешто се‘ уште се наоѓаат неоткриените камчиња на мозаикот од овој дел од историјата на македонскиот народ.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM