1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Илинденско Крушево

Крушево е денеска центарот на Македонија. Во градот на Илинденското востание се одржува централната прослава на Денот на македонската државност.

default

Денеска пристигаат и коњаниците од Илинденскиот марш

Од манастирот Прохор Пчински на северот, па се’ до битолското село Трново на југот, денеска ширум Македонија се одржуваат свечености по повод двата Илиндена. Централната свеченост, на која ќе присуствува и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов се одржува во Крушево, градот на првото организирано востание на Македонците во борбата за слобода и самостојност. Големиот народен собир во Крушево ќе го увеличаат и коњаниците од традиционалниот Илинденски марш, кои тргнаа од скопското село Горно Лисиче на 27 јули. Во градот на Илинденското востание денеска пристигаат и планираните кои од Скопје се упатија до мечкин Камен.

За атмосферата во Крушево, за „комитите“ и „Турците“ во традиционални носии и за гостољубивоста на домаќините, повеќе од репортажното видување на Златка Пурковиќ.

Автор: Г.Ч./МИА

Редактор: Горан Чутаноски