1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Илегално оружје за Иран

За германските истражни органи работата на откривањето илегален извоз на оружје секогаш е макотрпна.Но,овојпат таа беше успешна во случајот со иранска фирма во Диселдорф.Таа испорачувала германски навигациони системи за беспилотните шпионски летала за иранската оружена програма.

Беспилотно летало

Беспилотно летало

Во една неупадлива деловна зграда во центарот на Диселдорф се наоѓа фирмата „Ценит Ролерс Џермани“,на интернет стои дека таа тргува со техника за печатење и користени машини.Соседите со месеци овде не виделе никого.Но,тука се одигрувале бизниси со германските сателитски навигациони системи за иранската армија.48 годишниот шеф на фирмата,Иранец,заминал во татковината.Неговиот 24 годишен син,исто така обвинет,се наоѓа во притвор.Јоханес Мокен,портпарол на обвинителствоот во Диселдорф:

-Според резултатите од истрагата,поаѓаме од тоа дека во 2005 година најмалку двапати биле испорачани сателитски навигациони системи во Иран.Тие биле наменети за употреба во тамошната програма за беспилотни шпионски летала.Извозот на вакви апарати е забаранет и се коси со законот за надворешна трговија.

Беспилотните летала можат да бидат користени и како оружје,тие служат за наведување на ракети,треба да ги насочат каде точно да удрат.Она што е особено бризантно политички,постојат докази дека Иран вакви беспилотни летала му давал и на Хезболах,значи,германска техника за ракети врз Израел.

Јоханес Мокен изнесува дека според истрагата,на сите обвинети им било јасно за што ќе бидат употребени апаратите,имено во воени цели,што значи се знаело дека се работи нешто забрането.

Со оглед на можниот германски ангажман во мировните сили на Блискиот исток,илегалните лиферувани апарати од Германија би можеле да бидат и дополнителен ризик за војниците од Бундесверот,предупредуваат стручњациите.