1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Икеа влегува во бизнис со хотели

Шведскиот синџир на продавници за мебел, Икеа планира да вложи една милијарда евра во хотелскиот сектор и да отвори во Европа најмалку 100 хотели.

Информацијата ја објави денеска шведскиот весник „Свенса Дагбладет“.

„Веќе некое време гледаме недвижности во Европа и за неколку недели ќе информираме кога ќе отвориме сопствен хотел“, изјавил претставник на Икеа за весникот.

Според истиот извор, Икеа има намера да отвори најмалку 100 хотели во Германија, Белгија, Велика Британија, Холандија и балтичките држави. Изградбата на хотелите ќе се инвестира од продажбата на брендот Икеа, чија вредност е проценета на девет милијарди евра. Хотелите нема да го носат логото на Икеа.

Германските медиуми пренесуваат дека идејата на Икеа е да гради пред се‘ евтини хотели за студенти и евтини преноќевалишта.