1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Изјаловени надежи во американскиот буџетски спор

Се чинеше дека доаѓа до приближување, но оптимизмот за решавање на спорот околу државниот буџет очигледно беше преран. Преговорите меѓу Демократската и Републиканската партија се прекинати. Времето притиска.

Од оптимизмот, кој до пред кратко владееше во Вашингтон, веќе нема ни трага: преговорите меѓу Претставничкиот дом, каде Републиканската партија има мнозинство и Белаата куќа се завршени - без резултат. Џон Бенер, истакнатиот претставник на Републиканците, објави дека не е постигната согласност.

Двата дома меѓусебно се блокираат

Сега во центарот на интересирањето влегува другиот дом на Конгресот, Сенатот, каде мнозинство има Демократската партија, но не и доволно гласови за да може да постигне подигање на горната граница на државни задолжувања без какви било предуслови - за ваквиот предлог нема потребно мнозинство.

Демократите засега го одбиваат и вториот предлог на Републиканската партија, кој го подготви умерената сенаторка Сузан Колинс. Тој предвидува одлагање на повеќе месеци на веќе постојната блокада на државната администрација поради недонесениот државен буџет, како и на заканувачката финансиска катастрофа со проблемот на горниот лимит на државни долгови, но затоа како предуслов бара промени во реформата на здравствениот систем, „Обамакер“, што е пак најважниот проект во мандатот на американскиот претседател.

Четврток е клучниот ден

Притисокот врз политиката во меѓувреме станува сѐ посилен. Анкетите на јавното мислење покажуваат сѐ полоши резултати за двете политички партии, а најважно од сѐ е што истекува и времето. В четврток САД ќе ја достигнат законски пропишаната горна граница на државни задолжувања, по што се заканува платежна неспособност.

Последиците ќе бидат погубни не само за американската, туку и за светската економија, на што сѐ поинтензивно предупредуваат деновиве и ММФ и Светската банка.