Изјавите на германскиот претседател пред Уставен суд | Европа | DW | 25.02.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Изјавите на германскиот претседател пред Уставен суд

Политички контроверзен случај: дали германскиот претседател ја нарушил својата обврска за политичко-партиска неутралност? По тужбата од десно-радикалната НПД за тоа ќе одлучува Уставниот суд.

Највисокиот германски суд повторно ќе мора да се занимава со НПД. Но, овојпат по тужба на самата десно-радикална партија. Денеска Уставниот суд во Карлсруе ќе расправа по тужбата на НПД против сојузниот претседател Јоахим Гаук. Во партијата сметаат дека Гаук, преку една своја изјава, ја напуштил својата политичка неутралност. Гаук, според тужбата, ги нарекол претставниците на НПД- спинери.

Говорот за кој се однесува тужбата Гаук го одржа неколку недели пред парламентарните избори во 2013. година. Атмосферата во главниот град беше тензична, а во населбата Хелерсдорф постојано се организираа демонстрации. Жителите се чувствуваа измамени од политичарите. Десните екстремисти се обидуваа да ја искористат ситуацијата и да создадат атмосфера против странците. Стотици контра-демонстранти од другата страна бараа „гостопримство за бегалците“.

Rechte Proteste Berlin-Hellersdorf NPD

Протести на НПД против азилантите во Германија

Кој е спинерот?

Неколку дена откако првите баратели на азил беа спроведени под заштита на полицијата, Гаук одржа говор пред 400 ученици во Берлин и го осуди однесувањето на десните екстремисти во Хелерсдорф. „Нам ни се потребни граѓани кои ќе излезат на улица и ќе им покажат на спинерите каде е границата. Сите сте поканети да учествувате“, порача Гаук. Сѐ додека НПД не е забранета, нивните гледишта мора да се толерираат.

Прашањето е дали Гаук со оваа изјава конкретно ги посочи НПД како спинери или не? Според Фолкер Беме- Неслер, професор по јавно право, нема едноставен одговор. „Сѐ се сведува на правнички финеси“, вели тој.

„При вакви изјави во предвид се зема контекстот“, смета професорот Улрих Батис. Изјавата на Гаук е на граница, а дали таа граница е премината ќе оцени Уставниот суд.

За денеска е закажана само расправата за случајот. Пресудата ќе биде донесена во рок од три месеци. Каква ќе биде може само да се шпекулира. Беме- Неслер смета дека е можно судот да оцени дека секој сојузен претседател е обврзан да биде неутрален. Но во конкретниот случај „дека претседателот не мислел на НПД, туку на сите демонстранти. На тој начин претседателот не ја нарушил неутралноста“.

Во случај Уставниот суд да пресуди дека Гаук ја нарушил неутралноста, тоа нема да има директни последици за него. „Но, јавна судска осуда во секој случај е проблем за еден сојузен претседател и тоа ќе ја отежне неговата позиција“, вели Беме- Неслер.

Големи ограничувања

Ограничувањата за сојузниот претседател во Германија се доста остри: за разлика од обичните граѓани тој не може слободно да го изразува своето мислење. „Тој треба да биде интегративна фигура, кој ги обединува сите граѓани. Затоа е обврзан на партиско-политичка неутралност. Тој не смее да оценува што

Volker Boehme-Neßler Rechtswissenschaftler

Фолкер Беме- Неслер

прават партиите“, објаснува Беме- Неслер.

Строгите ограничувања за шефот на државата имаат корен во лошите искуства од периодот на првата германска република. Во Вајмарската република, шефот на државата имаше речиси неограничени овластувања. Тој можеше со т.н. вонредни уредби да владее и над парламентот. „Преголемата употреба на вонредните уредби на крајот доведе и до отворање на патот до власта за националсоцијалистите“, вели Беме- Неслер.

Творците на сојузната република ги научија лекциите од Вајмарската република и драстично ги намалија овластувањата на сојузниот претседател. „Германскиот сојузен претседател не е шеф на државата, како американскиот или францускиот, кои се во центарот на моќта. Кај нас центар на моќта се канцеларот и парламентот“, објаснува Улрих Батис.

Сојузниот претседател треба да ја претставува Германија во странство и да биде интегративна фигура дома. Дел од тоа е и неговата партиско-политичка неутралност. Но каде се границите на таа неутралност, за тоа ќе одлучи Уставниот суд во Карлсруе.