1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Изјава на членот на Комисијата на ЕП за случајот Ел Масри, Волфганг Крајсл Дерфлер

Уверен сум дека со посетата на Скопје ќе дојдеме чекор поблиску до расветлувањето на случајот – изјави денеска членот на делегацијата на Европскиот парламент што е во посета на Македонија, Волфганг Крајсл - Дерфлер.

Калед Ел Масри: ќе се расветли ли целата афера околу неготово „киднапирање„?

Калед Ел Масри: ќе се расветли ли целата афера околу неготово „киднапирање„?

Тој и‘ припаѓа на парламентарната група на социјалдемократите во Европскиот парламент, а за клучните прашања на кои очекува одговор од средбите во Скопје, во интервјуто за радио станицата ВДР 5, посочи:

„Едно од важните прашања е што се случило при влегувањето на господинот Ел Масри во Македонија. Околу тоа има различни изјави. Сега дознавме дека македонските граничари поставиле барање до Интерпол за исправноста на неговиот пасош. Од тоа станува јасно што се случувало со него во Скопје од 31. декември. А второто важно прашање е од каде доаѓа печатот на аеродромот во Скопје на пасошот на Ел Масри датиран со 23. јануари и дали навистина бил префрлен преку Багдад за Кабул со таен лет на ЦИА.„

На прашањето дали смета оти македонските власти се навистина заинтересирани за расветлување на активностите на ЦИА Волфганг Крајсл – Дерфлер посочи:

„Претседателот на државата, господинот Црвенковски вчера кажа една многу важна реченица. Доколку сме направиле грешка и доколку нашите власти се вмешани во овој случај, тогаш нам ни е најважно неговото расветлување, зашто никако не сакаме да ги нарушиме добрите односи со ЕУ. И заменик премиерката Шеќеринска запиша одделни прашања и вети дека ќе побара документи од министерот за внатрешни работи. Се‘ на се‘ верувам дека ќе постигнеме напредок во расветлувањето на случајот„ – нагласи во интервјуто за германската радио станица ВДР 5, европратеникот Волфганг Крајсл Дерфлер.