1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изјава на сведок на судењето против Мубарак предизвика забуна

Во судскиот процес против египетскиот претседател Хосни Мубарак поради корупција и учество во убивањето демонстранти, изјавата на еден од сведоците предизвика збунетост.

default

Кувајтски адвокати во одбраната на Мубарак

Еден полициски генерал, кој сведочи на покана на обвинителството, изјави дека на полицијата не и‘ била издадена наредба да пука врз демонстрантите, кои на почетокот на годинава демонстрираат на плоштадот Тахрир во Каиро. Тој истакна дека боева муниција е користена само против демонстрантите кои се обиделе да го нападнат седиштето на силите за безбедност во Каиро, полициските станици и затворите, но дека против демонстрантите на плоштадот Тахрир бил употребен само солзавец, водени топови и гумени куршуми.

Неговата изјава е спротивна на она што го тврди обвинителството, односно дека Мубарак и шефот на безбедност дале зелено светло да се пука врз демонстрантите. Во текот на 18-дневните протести загинаа околу 850 луѓе. Обвинителите беа збунети поради ваквата изјава на полицискиот генерал Хусеин Муса и го обвинија дека не се држи до првичната изјава што ја дал пред обвинителството.

На вчерашното сослушување, трето од почетокот на судскиот процес против Мубарак на 3. август, сведочеа четири полицајци, а судењето ќе продолжи в среда.

Новинарите немаа пристап во судницата, а пред судот настана судир меѓу противниците и поддржувачите на Мубарак, по што мораше да интервенира специјалната полиција.

Во судирите се повредени десетина луѓе, а полицијата уапси околу 20 лица.

Поради лошата здравствена состојба, Мубарак од болницата во судот беше пренесен со хеликоптер, а во судницата беше донесен на носилка.

Автор: ЕМФ/ЖА/дв/миа

Редактор: Симе Недевски