1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изјавата на Анан предизвика лавина реакции

Изјавата на генералниот секретар на Он Кофи Анан дека Ирачаните живееле подобро дури и во времето на Садам Хусеин отколку денеска. Најгласните критики доаѓаат од Берлин.

Кофи Анан

Кофи Анан

„Цинична и опасна“ е изјавата на генералниот секретар Анан дека Ирачаните живееле подобро под режимот на Садам Хусеин отколку денеска, изјави експертот за надворешна политика на владеачката ЦДУ, Екарт фон Кледен за весникот Билд. И неговиот колега од редовите на СПД Ханс Улрих Клозе го критикуваше шефот на ОН.

“Кога човек ќе ја посматра ситуацијата од аспект на луѓето кои со години лежеа во затвор во времето на Садам Хусеин, тогаш работите изгледаат сосема поинаку”.

Експертот за надворешна политика на ФДП, Фолфганг Герхард изјави: “со сиот респект за Кофи Анан, ваквата споредба не е дискутабилна”.

И ирачкиот премиер Нури Ал Малики ги отфрла оценките на генералниот секретар на Светската организација дека сегашната ситуација во Ирак е “многу полоша и од граѓанска војна”.

“Да се означи ситуацијата во Ирак како граѓанска војна, тоа значи да се поштеди поранешниот режим кој беше познат по кршење на човековите права”, изјави Ал Малики.

Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан во интервју за британскиот медиум Би Би Си изјави дека ситуацијата во Ирак е многу влошена и дека, Садам Хусеин бил брутален диктатор, но луѓето без страв за своите животи излегувале на улица. Според Анан ирачката влада до сега не е во состојба да го стави насилството под контрола.