1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изреал реагира воздржано

Шефот на израелската влада Ехуд Олмерт, очигледно исклучува воен напад против палестинската влада како реакција на најновиот самоубиствен напад. Но на членовите на Хамас треба да им се одземат дозволите за престој во Израел. Израел со ова реагираше воздржано, по самоубиствениот напад на 21 годишен Палестинец во понеделникот во Тел Авив, при што животот го загубија уште девет лица.

Нападот во Тел Авив

Нападот во Тел Авив

Владата на Хамас е одговорна за самоубиствениот напад од понеделникот во Тел Авив, но Израел во прво време ќе спроведе ограничена акција. Со овие зборови изралскиот премиер Ехуд Олмерт ја образложи својата одлука донесена за време на повеќечасовната владина седница.

За време на седницата на која присуствуваа и воени експерти на Олемрт му биле претставени и планови, за опсежен одмазнички напад против институциите и во даден случај и против лица од владата на Хамас, но премиерот ова не го одобрил.

Кабинетот донесе одлука, на политичарите на Хамас да им се одземе статусот постојани жители на Исочен Ерусалим, кој им овозможување слободно да се движат во Израел. А Олемрт се спротивстави и на предлозите, палестинската влада под водство на Хамас да се класифицира како „терористичка институција“

Советници на премиерот појаснија, дека меѓународната изолација на Хамас во меѓувреме е комплетна, така што воена постапка против палестинската влада би можела само да наштети.

Дипломатските претставници на Европската унија, вчера го посетија местото на нападот во центарот на Тел Авив, за да ја уверат израелската јавност, дека без промена на ставот на Хамас нема да има разговори со палестинската влада. Европскиот амбасадор во Израел Ремиро Кибриан

„Еден од условите е прекин и осуда на нападите против Израел. Доколку не биде исполнет овој услов, нема да биде можно да се водат нормални политичи односи со палестинските автономни области. Европската унија нема да може да ги поддржува автономните области, што негативно ќе се одрази на идниот развој на регионот.“

Палетинскиот премиер Исмаил Ханија пак го потврди својот став. Одговорноста за тоа ја носи Израел, рече премиерот на Хамас во Газа.

Поинаку отколку Хамас полтичарот на Фатах Сааб Ерекат го осуди самоубиствениот напад „Она што ни е потребно е политичко решение. Изрелските напади, убиства, пукања, населбите и ѕидот присдонесоа за компликација на конфликтот. Создадоа само повеќе насилство, а насилството носи само насилство, омразата ќе генерира повеќе омраза.“

За вантреплаестинскио конфликт, за примена на насилство против Израел, доказ е и тоа што вчера, милитант пред новинарите прочита соопштение во кое барта од Махмуд Абас да се извини за тоа што го осудил нападот.