1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Изреал повторно ја покажува својата воена моќ“

Во повеќето арапски весници насилните акции на Блискиот исток се коментираат со загриженост и големо негодување, особено против Израел. Но може да се прочитаат и критички проценки во однос на Хезболах и нивните мотиви.

default

Официјалниот дневен весник „Ал Раја“ од Катар предупредува од последиците од израелската офанзива против Либан и го свртува вниманието кон арапските затвореници во израелските затвори

„Израел досега ја игнорираше својата тажна судбина иако таа преставува централен елемент на спорот во арапско – израелскиот конфликт. Воената ескалација од старна на израелската армија дополнително ја компликува и онака тешката измешана ситуација во овој кризен регион. Либанскиот отпор формулираше јасна цел во нивната операција со грабнувања: Ослободување на сите затвореници! Затоа Израел нема друг избор, освен да преговара за размена на затвореници.“

Лево ориентираниот весник „Ал Сафир“ од Либан коментира

„ Израел на својот слаб сосед повторно му ја покажува својата воена сила. Додуша може да ја уништува инфраструктурата во Палестина и ЛИибан, да ликвидира водачи, можеби да ја нападне и Сирија и да преземее воздушни напади против Иран. Но сето ова нема да му стави крај на Блиско – источниот конфликт. Израел неодамна ги искористи интерните проблеми и неединството внатре во палестинското општество – сега истото се обидува да го сотори и во Либан. Но ова нема да му успее на Израел. Либанскиот народ нема да се предаде – и нема да наведне глава“ пишува „Ал Сафир“

Весникот „Ал Шарк ак Авсат“ од Саудиска Арабија пишува за улогата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

„ Ахмадинеџад го предупреди Израел од напад врз Сирија. Тој вели, ако Израел го стори ова, тогаш ќе ја премиен црвената линија. Изјавите се помалку чудни. Останува неизвесно зошто Иран веќе и нападот врз Јужен Либан, каде е стациониран Хезболах, не го смета за преминување на црвената линија. Се чини, како да се сака да се жртвува Хезболах.“

Коментарот на „Ал Тавра“ од Сирија ја отсликува позицијата на владата во Дамаск

„ Прва цел на Израел е освета на Либан и неговиот отпор – пред се поради поразот што Израел го претрпе пред шест години пред да се повлече од Јужен Либан. Втора цел на Израел е уништување на добриот имиџ, кој Либан го ужива во арапскиот свет - и тоа како добар пример за успешен и храбар отпор против изралексите окупатори. Трета цел на Израел е изолација на отпорот во Либан Со тоа Хезболах треба да ја загуби поддршката од либаснкиот народ. И четвртата цел на Израел се состои во тоа, преку оваа отворена војна да им соопшти на другите арапски држави дека ќе ги снајде истата судбина како Либан, ако имаат храброст отпорот да го употребат како оружје против заедничките цели на Американците и Израелците во регионот. Ова не е ново: Слично предупредување до арапските земји Американците испратија со ирачката војна“ пишува „Ал Тавра“