1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел ќе треба да се брани од самиот себе

Израел со денови и` се закануваше на палестинската милитантна организација Хамас со копнена офанзива. Таа почна, но што ќе донесе? Израел навлегува во таков хаос, што ќе треба да почне да се брани од самиот себе.

default

Израелските војници навлегова во Газа саботата попладне

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и останатите израелски политичари уверуваат дека целта на копнената офанзива не е да се стави крај на владеењето на Хамас во Газа. Единствената цел на нападот е да му оневозможат на Хамас оттаму да испукува ракети кон Израел.

Сепак, ситуацијата на самото место зборува поинаку, иако се прават напори тоа да се скрие од меѓународниот печат. Нападите се насочени кон лидерите на Хамас, се уништуваат министерства и згради на управата и се убиваат цивили - секој четврти загинат е цивил. Тешко дека сето ова се прави за да се спречат ракетните напади. Се прави обид да се победи Хамас.

Копнената офанзива отвора нова димензија

BdT Israel greift Hamas an

Израелските трупи подготвено чекаа на граница

Израел во саботата ја почна копнената офанзива, бидејќи двете цели ниту краткорочно, ниту среднорочно не можеа да бидат постигнати со воздушни напади. Иако со денови можеше да се види како трупите чекаат подготвени на границата, нивното навлегување во појасот Газа предизвика шок. Се отвора нова димензија во овој воен конфликт, а излезот од него сега се чини многу поневозможен отколку претходно.

Воздушни напади можат веднаш да се сопрат, но копнена офанзива - тешко. Во очите на властите повлекувањето на трупите не смее да изгледа како пораз или бегање. Во тој случај, сите жртви би биле залудни, дури и оние на сопствена страна. Токму затоа повлекувањето на трупите мора да биде како резултат на постигнат успех. Само, на каков успех можат да се надеваат Израелците?

Никој не сака окупирање на Газа

Gaza Angriff Israel

Стотици жртви ја отежнуваат атмосферата

Дали ќе биде успех да се спречи Хамас да рекетира од Газа? Не, за успех би се сметало ставање крај на владеењето на Хамас и повторно преземање на власта од страна на Фатах. На тој начин, Израел повторно би добил прифатлив партнер за преговори.

Иако можеби звучи претерано, за владата на Олмерт ова е посакуваниот краен резултат, иако Израел одамна докажа дека никогаш не сфаќа сериозно ниеден преговарачки партнер од палестинска страна. Единствена алтернатива би била повторно окупирање на Газа и тоа на долг период. Меѓутоа, никој во Израел не го сака тоа.

Да се замислат оние што изразуваат солидарност со Израел

BdT Israel greift Hamas an

Секој конфликт меѓу Израел и Газа станува се` пожесток

Затоа, копнената офанзива во Газа нема да донесе решение за постоечките прашања и проблеми. Се чини дека на следната рунда преговори повторно ќе биде договорен прекин на огнот. Само што стотици мртви уште повеќе ја отежнуваат атмосферата, а секој воен конфликт меѓу Израел и Газа станува се` поостар и пожесток.

Затоа треба да се замислат, особено оние што седат во Вашингтон, но и во другите европски главни градови, пред се` Берлин, кога изразуваат солидарност кон Израел, па дури и ги спречуваат шансите за прекин на огнот, со став дека Израел има право на самоодбрана. Секако дека има. Со текот на времето навлегува во таков хаос, што ќе треба да почне да се брани од самиот себе.