Израел ќе ослободи 250 палестинци затвореници | Вести | DW | 26.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израел ќе ослободи 250 палестинци затвореници

*

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт ги соопшти плановите за ослободување на 250 затвореници припадници на палестинското движење Фатах, на претседателот Махмуд Абас. Олмерт ова го соопшти на крајот на самитот во Шарм Ел Шеик на кој се разговараше за придвижување на мировниот процес, откако радикално исламистичкиот Хамас го зазеде појасот на Газа. Египетскиот претседател Хосни Мубарак самитот го оцени како значаен чекор кон заживување на мировниот процес.