1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израел ќе ослободи 250 затвореници

*

Израелскиот комитет на министри го одобри списокот со 250 палестински затвореници кои до крајот на неделава треба да бидат пуштени на слобода. Договорот беше постигнат на разговорите меѓу израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас, како дел од напорите за мир на блискиот исток. Затворениците ќе мора да потпишат изјава дека по ослободувањето нема да преземаат милитантни активности. Инаку, Ехуд Олмерт ја поздрави мировната иницијатива на американскиот претседател Џорџ Буш, кој синоќа најави дека наесен ќе се одржи меѓународна конференција за блискиот исток. Хамас, под чија контрола се наоѓа појасот на Газа го обвини Буш дека планира нова крстоносна војна против Палестинците.